Кристијано Роналдо е првиот фудбалер кој во ХХI век постигнал најмалку 50-ет хет-трик реализации во елитните 5 лиги на Стариот континент. Од нив 44 –ри му се во дресот на Реал Мадрид додека по 3 реализираше додека ги бранеше боите на Манчестер Јунајтед и на Јувентус. Португалецот до тој ефект дојде на вчерашниот меч со Норвич во 33. коло од Премиер лига. Втор на листата е Аргентинецот, Лео Меси, кој има 5 хет-трика помалку.
Author: dino
Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска од 19.00 часот во СЦ Јане Сандански“ ќе го одиграат големото финале во АБА 2 Лигата против екипата на Златибор. Популарните „штркови“ со пласманот во завршниот меч ја остварија целта и се промовираа како нови учесници во елитната регионална конкуренција во наредната сезона. Влезниците за денешниот дуел се продаваат по цена од 100 денари а собраните средства ќе бидат уплатени во фондацијата – „Марко Божиновски“.
Македонските ракометари вечер од 19.00 часот во СЦ Борис Трајковски ќе го одиграат реваншот против Чешка за пласман на Светското првенство во 2023 година. Првата пресметка во Злин заврши нерешено 24:24 иако избраниците на Кире Лазаров во еден период имаа големи седум голови предност. За денешниот меч отпадна од комбинација Марко Митев а неговото место ќе го заземе Михајло Младеновиќ. Надвор од комбинација се и Кизиќ, Костески, Кондев, Стојковиќ и Павле Атанасијевиќ.
Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена во Италија пред полни трибини на легендарната патека – Имола. Извршниот директор на шампионатот, Стефано Доменикали, објави дека се продадени повеќе од 100.000 влезници. „Се надеваме дека нема да има слободни места на трибините. Тоа се должи на успехот на Ферари во сезонава. Очекуваме дека економската активност поврзана со трката во Формула 1 ќе му донесе на регионот над 200 милиони евра“ – потенцирал Доменикали.
Кире Лазаров кој ја има улогата селектор-играч во нашата ракометна репрезентација, вели дека мора да бидеме претпазливи на реваншот со Чешка закажан в недела во Скоpје од баражот за пласман на Светското првенство. „Одигравме квалитетен натпревар против сериозен противник во гости. Сè уште стојам на ставот дека Чешка е репрезентација која заслужува почит. Какво било опуштање и дефокус може да нè доведе до проблеми “ – вели Лазаров. „Психолошката подготовка за натпреварот ќе биде од исклучителна важност. Колективноста треба да нè краси и в недела доколку сакаме позитивен резултат. Очекувам потежок натпревар сега отколку во Злин. Оптимист сум, но и…
Раководството на Манчестер Јунајтед ги направи првите чекори за реконструкција на „Олд Трафорд“ се со цел за зголемување на капацитетот. ѓ Сопствениците на 20-кратниот шампион на Англија ја ангажираа архитектонската фирма „Populous“ и консултантската фирма „Legends International“ кои работеа заедно на дизајнирање на новиот стадион на Тотенхем кој беше отворен во 2019 година. Моменталниот капацитет на „Олд Трафорд“ е 74.000 гледачи. -Веднаш започнуваме со работа на развивање опции за Олд Трафорд и истражување на нивната изводливост со цел значително да го подобриме местото на навивачите“- се вели во официјалното соопштение на „црвените ѓаволи“.
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, се пошегува дека „го чека бразилскиот пасош“. Toj потсети на иницијативата на бразилскиот пратеник Андре Фигуеридо, кој неодамна му предложи на Британецот да добие бразилско државјанство. Првичната идеја беше да добие почесно државјанство за неговите услуги во Бразил. „Сакам да поминувам повеќе време во Бразил. Сум бил само во Рио де Жанеиро и Сао Паоло, но сакам да се вратам за Божиќ, Нова Година или некој друг празник. Нејмар и Габриел ме канат секоја година, но, досега не сум имал шанса да дојдам. Го чекам мојот бразилски пасош“ – се пошегувал Луис.…
Барселона вчера загуби од Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен со 3-2 и го заврши настапот во фудбалската Лига на Европа. Откако првата средба во Германија беше 1-1, многумина очекуваа Каталонците на домашен терен на „Камп Ноу“ да забележат сигурна победа и да продолжат кон финалето, но, тоа не се случи. Разочарувањето од елиминацијата не ја крие и домашниот играч, Роналд Аарухо. „Европа не простува грешки. Моравме да бидеме многу подобри во одбраната“ – вели играчот на шпанскиот тим.
Пропаднале плановите на италијанските фудбалски клубови да организираат мечеви во САД за време на Светското првенство во Катар кон крајот на годинава, пренесоа денеска светските агенции. Италија сакаше да ја искористи долгата пауза поради Мундијалот и да биде домаќин на посебен турнир во Орландо на кој ќе учествуваат сите 20 клубови користејќи само фудбалери кои немаат репрезентативни обврски. Сега последните информации велат дека таа идеја најверојатно нема да се реализира.
Стадионот БЦ Плејс во Ванкувер ќе биде меѓу кандидатите за домаќин мечевите на Светското првенство во 2026 година кое заеднички ќе го организираат Канада, САД и Мексико. Покрај во Ванкувер, мечеви ќе бидат одиграни и во Едмонтон, Алберта и Торонто. Во Соединетите Американски Држави, Лос Анџелес аплицира со два објекта – ултрамодерен стадион во Инглвуд кој чинеше 5 милијарди долари и класичниот Роуз Бол во Пасадена на кој се играше финалето на Светското првенство во 1994 година. Во Мексико домаќини на Мундијалот во 2006 година ќе бидат: Гвадалахара, Мексико Сити и Монтереј. Светското првенство ќе биде првото на кое ќе…
