Македонските ракометари вечер од 19.00 часот во СЦ Борис Трајковски ќе го одиграат реваншот против Чешка за пласман на Светското првенство во 2023 година.
Првата пресметка во Злин заврши нерешено 24:24 иако избраниците на Кире Лазаров во еден период имаа големи седум голови предност.
За денешниот меч отпадна од комбинација Марко Митев а неговото место ќе го заземе Михајло Младеновиќ. Надвор од комбинација се и Кизиќ, Костески, Кондев, Стојковиќ и Павле Атанасијевиќ.