Дефанзивецот на Лацио, Франческо Ачерби, напиша долго писмо до навивачите на тимот поради критиките упатени кон него по поразот од Милан. Причината за истите се снимките на кои се гледа како искусниот играч се смее веднаш по победничкиот гол на „росонерите“, кој дојде по неговата грешка. – За жал, неколку месеци поминувам низ ситуација која не очекував да ја доживеам. Имам чувство на осаменост што ме повредува на човечко ниво Тоа е само мое лично чувство кое не може да ме остави рамнодушен на теренот или надвор од него“ – напиша меѓу другото Ачерби.
Author: dino
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, имаше најбрзо време во квалификациите пред спринт трката во Формула 1 за Големата награда на Емилија Ромања која ќе биде возена утре на патеката во Имола. Втората позиција ја има возачот на Ферари, Шарл Леклер пред Ландо Норис од Мекларен. Натаму до 10-то место ќе стартуваат: Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо, Даниел Рикардо, Серхио Перез, Валтери Ботас, Себастијан Фетел и Карлос Саинс. Спринт трката на патеката Имола ќе се вози во сабота од 16.30 часот а бодови ќе освојат осумте најбрзи возачи. Спринтот ќе го одреди и распоредот на стартната линија за неделната трка од…
Дефанзивецот на Барселона, Дани Алвеш, вели дека Реал Мадрид имал голема среќа на стартот на сезона бидејќи Каталонците имале многу проблеми од различни аспекти и не успеале да се наметнат во трката за титулата. „Кралевите“ кои имаат огромна бодовна предност во однос на Барса и другите конкуренти, веројатно ќе бидат и новите шампиони на Шпанија. „Реал имаше среќа што ние доцна се разбудивме во трката за титулата и лошо ја започнавме сезоната“ – потенцираше Бразилецот.
Челниците на Интер се на чекор да го обезбедат потписот на фудбалерот, Паоло Дибала, кој во текот на летото ќе си замине од редовите на Јувентус, објавија денеска медиумите на „Чизмата“. „Нероаѕурите“ ќе му понудат на Аргентинецот договор за три години со вкупна сума од 21-ен милион евра плус бонуси. 28-годишниот играч во сезонава се појави на 24 мечеви со ефект од 8 голови и 5 асистенции.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред градското дерби со Евертон вели дека ќе му недостасуваат таквите пресметки доколку „карамелите“ не успеат да обезбедат опстанок во елитата. „Тоа е можеби најинтензивното дерби. Мечот е значаен за двата клуба. Сите сме навикнати на двата клуба во нашиот град и така треба да биде“ – вели Клоп. „Црвените“ се во трка за шампионската титула додека Евертон се бори да опстане во Премиер-лигата.
Францускиот фудбалер, Пол Погба, поради проблеми со мускулите ќе ги пропушти сите мечеви на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната. Бидејќи неговиот договор истекува во јуни а прогнозите велат дека тој дефинитивно ќе си замине од –„Олд Трафорд“, излегува дека неговиоt последен меч за „црвените ѓаволи“ беше дербито со Ливерпул. За неговите услуги се заинтерeсирани Јувентус и ПСЖ.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска направија увид на отпочнатите градежни работи за целосна реконструкција на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, која е позната под името „Партизан“. „Со севкупната обнова го враќаме првичниот сјај и функционалност на оваа спортска сала која е гордост за Карпош и за која се врзани дел од најубавите спомени на голем број скопјани. Токму тука се родија и афирмираа плејада спортисти од различни спортски дисциплини. Како Влада преку Агенцијата за млади и спорт инвестираме 69,5 милиони денари државни средства, за да може…
Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го совладаа Брајтон на „Етихад“ со 3:0 во 33 коло во Премиер-лигата и останаа на челната позиција на табелата. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, вели дека неговиот тим мора да победи на сите мечеви до крајот на сезоната доколку сака да ја овои титулата. „ Што се однесува до Премиер лигата, ако загубиме само два бода, Ливерпул ќе стане шампион. Ако ги добиеме сите мечеви, ние ќе станеме шампиони. Знаеме какви тешки натпревари претстојат, па мора да се обидеме“ – изјави Гвардиола.
Давид Алаба кој постигна гол на вчерашниот меч против Осасуна и мораше принудно да остане во соблекувалната на полувремето, нема посериозна повреда, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти. „Оптимисти сме со Алаба, не изгледа дека е сериозно. Го болеше кај препоните и одлучивме да не ризикуваме“ – изјави тренерот на „белите“. Реал Мадрид кој е на чекор да ја освои титулата во Примера Дивизион, наредната работна недела го очекува првата пресметка со Манчестер Сити во полу-финалето во Лигата на шампионите.
Боксерите, Тајсон Фјури и Дилиен Вајт, во текот на викендот ќе имаат меч на легеднарниот стадион – „Вембли“. Организаторите во Англија очекуваат 94.000 гледачи што ќе биде рекорд по посетеност на боксерски меч во 21 век. Сегашниот беше поставен во 2017 година кога битката на Британецот, Ентони Џошуа и Украинецот, Владимир Кличко, ја гледаа 88.000 фанови на боксот. Од претстојниот меч Фјури ќе инкасира 32,8 милиони долари а Вајт 8,2 милиони.
