Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, имаше најбрзо време во квалификациите пред спринт трката во Формула 1 за Големата награда на Емилија Ромања која ќе биде возена утре на патеката во Имола.
Втората позиција ја има возачот на Ферари, Шарл Леклер пред Ландо Норис од Мекларен. Натаму до 10-то место ќе стартуваат: Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо, Даниел Рикардо, Серхио Перез, Валтери Ботас, Себастијан Фетел и Карлос Саинс.
Спринт трката на патеката Имола ќе се вози во сабота од 16.30 часот а бодови ќе освојат осумте најбрзи возачи. Спринтот ќе го одреди и распоредот на стартната линија за неделната трка од 15 часот.