Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, се пошегува дека „го чека бразилскиот пасош“.
Toj потсети на иницијативата на бразилскиот пратеник Андре Фигуеридо, кој неодамна му предложи на Британецот да добие бразилско државјанство. Првичната идеја беше да добие почесно државјанство за неговите услуги во Бразил.
„Сакам да поминувам повеќе време во Бразил. Сум бил само во Рио де Жанеиро и Сао Паоло, но сакам да се вратам за Божиќ, Нова Година или некој друг празник. Нејмар и Габриел ме канат секоја година, но, досега не сум имал шанса да дојдам. Го чекам мојот бразилски пасош“ – се пошегувал Луис.