Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена во Италија пред полни трибини на легендарната патека – Имола.
Извршниот директор на шампионатот, Стефано Доменикали, објави дека се продадени повеќе од 100.000 влезници.
„Се надеваме дека нема да има слободни места на трибините. Тоа се должи на успехот на Ферари во сезонава. Очекуваме дека економската активност поврзана со трката во Формула 1 ќе му донесе на регионот над 200 милиони евра“ – потенцирал Доменикали.