Кире Лазаров кој ја има улогата селектор-играч во нашата ракометна репрезентација, вели дека мора да бидеме претпазливи на реваншот со Чешка закажан в недела во Скоpје од баражот за пласман на Светското првенство.
„Одигравме квалитетен натпревар против сериозен противник во гости. Сè уште стојам на ставот дека Чешка е репрезентација која заслужува почит. Какво било опуштање и дефокус може да нè доведе до проблеми “ – вели Лазаров.
„Психолошката подготовка за натпреварот ќе биде од исклучителна важност. Колективноста треба да нè краси и в недела доколку сакаме позитивен резултат. Очекувам потежок натпревар сега отколку во Злин. Оптимист сум, но и многу внимателен со оглед на квалитетот на Чесите“- нагласи Лазаров.