Баерн Минхен вчера изненадувачки загуби кај Вилјареал со 1:0 во првиот меч од 1 /4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Напаѓачот на Баварците, Томас Милер, призна дека неговиот тим не бил на посакуваното ниво. „Немавме доволно енергија, не направивме вистински шанси. Можевме да загубиме и поубедливо“ – беа дел од зборовите на Милер. „Вилјареал е сериозен тим. Ќе мора добро да се подготвиме за реваншот. Ние сме сепак Баерн Минхен“ – изјави Милер.
Author: dino
Денеска во два термина ќе бидат одиграни првите пресметки од четвртфиналната фаза во второто по ранг натпреварување под капата на УЕФА. Станува збор за Лигата на Европа. Од 18.45 часот германскиот РБ Лајпциг ќе биде домаќин на Аталанта. Во вечерниот термин ќе има три меча. Фокусот ќе биде во Германија. Таму Ајнтрахт Франкфурт ќе ја пречека Барселона. Шпанците се влезе во одлична серија на победи. Паралелно во Англија, Вест Хем ќе му биде домаќин на францускиот Лион додека Брага во Португалија ќе ги одмери силите со Глазгов Ренџерс од Шкотска
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа предупреди дека победата од 3-1 на теренот на Челзи не значи автоматски и пласман во полуфиналето во Лигата на фудбалските шампиони. „Започнавме добро против екипа која игра многу интензивно. Создававме ситуации, погодивме греда а потоа промашивме уште две шанси“ – вели белгискиот интернационалец. „Не треба да мислиме дека работата е завршена. Се надевам дека со поддршка од навивачите уште еднаш ќе победиме“ – изјави Куртоа по вчерашната победа во Лондон.
Во Конференциската лига на УЕФА денеска на четири стадиони ќе бидат одиграни првите 1/4 финални пресметки. Од 18.45 часот, холандскиот Феенорд ќе го пречека чешкиот состав на Славија (Прага). Во 21.00 часот ќе има три меча. Екипата на Лестер ќе му биде домаќин на ПСВ. Англичаните се фаворити на хартија, но, Холанѓаните најавуваат дека ќе одат на победа. Дербито на вечерта ќе биде меѓу Бодо и Рома. Норвежаните претходно ја победија „волчицата“ со 6-1 во групната фаза во Лига Европа а судбината посака двата тима да вкрстат и во Конференциската Лига. Последниот меч за денеска ќе го одиграат францускиот Марсеј…
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, по вчерашниот пораз на домашен терен од Реал Мадрид со 3:1, вели дека неговиот тим останал без шанси да го продолжи патот кон завршницата во Лигата на шампионите. Германецот нагласи дека фокусот мора да биде ставен на Саутемптон се со цел да се подобри играта бидејќи во спортивно ќе бидат понижени во реваншот во Мадрид. „Сега треба да мислиме само на Саутемптон. Денеска одигравме едно од најлошите први полувремиња кои сум ги видел на Стемфорд Бриџ. Беше далеку од нашиот стандард“ – наведе тренерот на „сините“ по вчерашниот дуел во Англија.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема,кој вчера постигна три гола за победа на теренот на Челзи во Лигата на фудбалските шампиони влезе во историјата. Тој е првиот Французин со двоцифрен број на голови уште од времето на легендарниот Жист Фонтен во 50-те години на минатиот век. Голгетерот на „кралевите“ е четвртиот кој постигнал два хет-трика по ред во ЛШ. „Ова се магични ноќи, исто како против ПСЖ. Победивме и покажавме дека сме Реал Мадрид! Работите тргнаа добро за нас и игравме навистина добро од самиот почеток, па се до крајот. Многу сум среќен“ – изјави Бензема.
Фудбалерот на Милан, Алесандро Флоренци, имаше успешна операција на менискусот на левото колено, објави денеска калчо-лигашот. „Росонерите“ не наведуваат до кога ќе трае процесот на рехабилитација на дефанзивецот иако вообичаениот период е неколку месеци. Ќе потсетиме дека во изминатиот октомври италијанскиот репрезентативец ја имаше иста операција на истото место.
Ливерпул вчера успеа да слави на теренот на Бенфика со 3 спрема 1 во првиот меч од четврт-финалето во Лигата на шампионите. Токму со тој резултат „црвените“ се запишаа на листата на екипи кои имаат постигнато најмалку два гола на секој гостински меч во елитата на Европа во една сезона. Претходно, Ливерпул во групната фаза ги победи Милан (2:1) Атлетико Мадрид (3:2) и Порто (5:1) додека во првиот натпревар од 1/8 плеј-офот Интер беше поразен во Милано (2:0).
Фудбалска федерација на Австрија официјално ги демантираше гласините дека во почетокот на неделава директорот на организацијата, Петер Шетел, одлетал во Манчестер на средба со привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник. Според шпекулациите, газдите на австрискиот фудбал имале план да го поканат Рангник за селектор. Местото е испразнето откако Франко Фода поднесе оставка по поразот од Велс во полуфиналниот плеј-оф за Светското првенство во Катар. Австриската фудбалска федерација наведува дека немало средба меѓу Шетел и Рангник.
Селекторот, Кире Лазаров, го скрати списокот на репрезентативци повикани за бараж дуелите со Чешка во квалификациите за Мундијалот. Првиот меч ќе биде одигран на 13 април во Чешка додека реваншот ќе биде во Скопје.
