Фудбалскиот состав Манчестер Сити потврди дека во неговите редови пристигнал бегалец од Украина кој ќе биде на проба. Тоа е младиот репрезентативец, Андриј Кравчук, кој играл за рускиот тим Торпедо Москва додека Русите не ја започна инвазијата врз неговата татковина. „Благодарен сум што Манчестер Сити ми даде шанса да тренирам . Изминатите неколку недели и месеци беа претешки за мене. Тоа што се вратив на теренот ми значи премногу – изјави Кравчук.
Author: dino
Денеска во Катар ќе бидат формирани групите за фдбалскиот Мундијал кој ќе се одигра кон крајот на годинава. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино жали што Италија нема да биде дел од мундијалот. „ Како искрен фудбалски фан, ми доаѓа да плачам што Италија нема да игра. Тоа е втор мундијал по ред на кој нема да играат. Дури и ако се пласираат на наредниот тоа ќе значи дека ќе играат Светско првенство по 12 години што е голем шок за таква велесила“ – вели Инфантино.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вчера загубија од Нексе со 29 спрема 26 во првиот меч од фазата на елиминации во ЕХФ Европската лига. Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ, не е задоволен од резултатот. „Видливо беше дека енергетски многу се потрошивме, имавме многу проблеми со ротацијата. Игравме многу „еден на еден“ а не остварувавме предност“ – вели Бабиќ. „Во вториот дел малку ја засиливме агресивноста и движењата. Се доближивме до -1 и имавме ракометар повеќе, па промашивме седмерец и противникот ни даде гол во последната секунда“ – рече Бабиќ.
Тренерот на фудбалерите на Севилја, Лопетеги, не е заинтересиран да работи во екипата на Манчестер Јунајтед. Тој е еден од кандидатите кои ги планира раководството на „црвените ѓаволи“ кои сакале да го поканат на интервју. Сепак, Лопетеги сака да ја продолжи работата во Шпанија. Андалузијците имаат силна сезона и дури извесен период се бореа за титулата со Реал Мадрид.
Челниците на фудбалскиот состав, Лидс, се во преговори со РБ Салцбург за американскиот интернационалец, Брендон Аронсон. Англичаните во јануарскиот трансфер период понудија 18 милиони евра за 21-годишниот талент, но, австрискиот состав не прифати бидејќи инсистира да добие сума од 25-30 милиони. Двете страни деновиве се во постојан контакт за да најдат начин како да се реализира трансферот во текот на летото.
Крилниот фудбалер на Лацио, Педро Родригез, призна дека планира да ја заврши кариерата во родната Шпанија. Поранешниот фудбалер на Барселона, Челзи и Рома, планира да се врати во Ла Лига. „Имам договор за уште една година со Лацио и ќе одлучам што да правам откако ќе истече. Мислам дека можам да играм на високо ниво уште една или две години“ – вели Педро. „Мојата желба е да се вратам во Шпанија и да бидам со моите синови во Барселона. Фудбалот го ограничува вашиот личен живот“ – вели играчот на лацијалите.
Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, проговори за слабиот почеток на екипата на Мерцедес која очигледно има проблеми со болидот во новата сезона во Формула 1. „Моментално заостануваат околу половина секунда во круг. Ќе им биде тешко да се борат за титулата иако ништо не се знае. Можеби ќе успеат да си ги решат проблемите“ – вели Марко. Ф1 шампионатот продолжува на 10 април со трката за Големата награда на Австралија.
Фудбалертот, Бруно Фернандеш, кој вчера постигна два гола против Македонија и ја испрати Португалија на Мундијалот во Катар, деновиве треба да ја продолжи соработката со екипата на Манчестер Јунајтед. Според најавите, тој ќе ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“ до јуни во 2027 година. Засега детали околу финансиските услови не се објавени.
Селекторот, Благоја Милевски, по поразот од Португалија, вели дека репрезентацијата е на добар пат да направи пробив кон врвот на Европа. „Треба да се гордееме со момците од септември до денес. Тие носат голем потенцијал и талент и се на добар пат да се доближат до најдобрите во Европа. Честитки за Португалија за победата и пласманот на Светското првенство. Задоволен сум и горд на моите играчи“, изјави Милевски. „Да бидам искрен, иако игравме во финалето и ја победивме Италија, се уште не сме таму каде што се овие селекции. Натпреварите во Порто и Палермо можат да ни помогнат да се…
Двата гола на Бруно Фернандеш ја запреа Македонија да направи сензација во Порто и да замине на Мундијалот во Катар. Првиот гол во 23 минута и вториот во 65 –та ја потврди и резултатски доминацијата на Португалија која со трумфот од 2-0 си обезбеди виза за Светското првенство кон крајот на годинава. За нас во овој циклус ќе останат забележани големите победи против Германија (во група) и Италија (бараж) кои ќе останат запишани во историјата на мак-фудбалот.
