Македонскиот репрезентативец со руско потекло Владимир Егоров стана европски шампион во борење што се одржува во Будимпешта. Toj денеска во големото финале во категоријата до 57 килограми слободен стил славеше против Алиабас Рзазаде од Азербејџан со 8-6. Бесир Алили утре ќе се бори за бронза во категоријата до 61 килограм. Негов противник ќе биде Едуард Григориев од Полска.
Author: dino
Поранешниот фудбалер на Евертон, Лука Дин, кој ги брани боите на Астон Вила, зборуваше за влошените односи со Рафаел Бенитез кога работеа заедно на Гудисон Парк. Французинот влезе во конфликт со специјалистот по што беше отстранет од тимот и мораше да направи трансфер. Само три дена подоцна и Бенитез доби отказ. „Немавме многу добри односи. Беше тешко кога бев отстранет од тимот . Невиден настан во мојата кариера. Последователно, мислам дека бев во право затоа што беше отпуштен поради лошите резултати“ – изјави Дин.
Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, можеби ќе се опорави за дербито со Манчестер Сити на стадионот „Етихад“, тврди „Атлетик“. Јирген Клоп пред десетина дена откри дека англискиот репрезентативец се здобил со повреда на тетивата и ќе биде надвор од терените неколку недели. Александер-Арнолд поради повредата го пропушти кампот на „трите лава“. Тој сигурно нема да му биде на располагање на Клоп за саботниот натпревар против Ватфорд, како и за гостувањето кај Бенфика во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
Македонските фудбалери доколку ја победат Португалија и обезбедат место на Мундијалот во Катар ќе поделат фанатстична премија од – 4,5 милиони евра! Станува збор за дел од парите од Светската фудбалска федерација (ФИФА) од дури 12,5 милиони долари од кои третина ќе отидат на сметките на фудбалерите. Владата на Македонија и премиерот, Димитар Ковачевски, пред заминувањето им вети на репрезентативците премија од половина милион евра.
Кристијано Роналдо кој ќе ја предводи Португалија на утрешниот меч против Македонија во последниот бараж пред Мундијалот во Катар, излезе со суперлативи за избраниците на селекторот, Благоја Милевски. „Македонија доаѓа многу самоуверена, полна со самодоверба, но, сите ние сакама да играме на Светското првенство. Знаеме колку е значаен мечот. Македонија ја заслужува сета наша почит, многу организиран тим, но, ако ние сме на највисокото ниво – секого можеме да победиме!“ – рече Роналдо. „Македонија во многу мечеви изненади, јас се надевам дека со нас нема да биде така и дека Португалија ќе оди на Светско“ – потенцираше Роналдо.
Матео Мараш, ракометарот на Еурофарм Пелистер, вели дека мечот со Вардар послужил како одлично згаревање за првата пресметка со Нашице во Европпската лига. Средбата ќе биде одиграна утре во Нашице. „Ќе бидеме подготвени и ќе оставиме срце на терен. Нексе е непријатен ривал, имаат добра транзиција“ – вели Мараш. „Цврсти се во одбрана и играат на многу голови. Тоа се одредени работи кои треба да спречиме за на крајот да победиме“ – вели Мараш.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, по големата победа во дербито со Вардар сега мислите ги насочува кон тимот на Нашице. Битолчани утре ќе гостуваат во Хрватска во првиот меч од елиминациската фаза. „Сега имаме три дена да се одмориме, да се подготвиме дефанзивно и офанзивно да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат.“ – вели Бабиќ. „Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме и дека ќе се подготвиме…
Младиот напаѓач на Македонија, Бојан Миовски, верува дека можеме да се надигруваме со Португалија иако домаќинот ќе биде крајно претпазлив по нашата сензационална победа во Палермо. „Од вчера сме фокусирани на Португалија. Ги анализираме, гледаме каде се нивните слаби страни, останува да ги искористиме и да покажеме што знаеме за да се радуваме на победа“ – вели Миовски. „Се надевам дека ќе добиеме многу повеќе дуели со португалците. Сега тие гледаат многу поразлично на нас. Ги победивме Германија и Италија на гости и сигурно тоа не е случајно. Португалија сега повеќе не респектира. Ќе дадеме се да ги победиме“ -…
Нашиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски, не крие дека е оптимистички расположен пред утрешниот меч со Португалија за место на Мундијалот во Катар. „Стигнавме до еден меч пред светското првенство. Ако можевме да ја победиме Италија зошто да не ја совладаме и Португалија. Имавме доволно време да се одмориме и да се подготвиме. Кој и да излезе на терен ќе го даде максимумот“ – вели Спировски во изјавата за Спортско радио 90,3 ФМ. „Утрешниот меч ќе биде многу поразличен од тој со Италија. Очекувам, ајде да кажам, да има многу повеќе шанси за нас и подобра финализација. Очекувам позитивен резултат, затоа…
Според италијанскиот весник – „La Gazzetta dello Sport“, имало најмалку пет возачи кои барале да се одложи трката во Џеда: Луис Хамилтон и Џорџ Расел од Мерцедес, Ленс Строл (Астон Мартин), Фернандо Алонсо (Алпин) и Пјер Гасли. Причина за тоа е инцидентот на првиот тренинг за Големата награда на Саудиска Арабија кога на 10 километри од патеката, избувна пожар во нафтената база Арамко, која беше погодена со ракетен напад на движењето Хути. На крајот по многу консултации меѓу челниците на тимовите и луѓето од ФИА, трката беше реализирана.
