Според италијанскиот весник – „La Gazzetta dello Sport“, имало најмалку пет возачи кои барале да се одложи трката во Џеда: Луис Хамилтон и Џорџ Расел од Мерцедес, Ленс Строл (Астон Мартин), Фернандо Алонсо (Алпин) и Пјер Гасли.
Причина за тоа е инцидентот на првиот тренинг за Големата награда на Саудиска Арабија кога на 10 километри од патеката, избувна пожар во нафтената база Арамко, која беше погодена со ракетен напад на движењето Хути.
На крајот по многу консултации меѓу челниците на тимовите и луѓето од ФИА, трката беше реализирана.