Author: dino

Американката, Серена Вилијамс, кој на времето беше на челната позиција на ВТА листата, не размилува да се повлече во пензија. Таа е убедена дека може уште да покаже на големите собири. „Нашиот  спорт е интензивен, има 11 месеци натпреварување во една година. Живеам од ден за ден, ништо не планирам за утре, истакна Вилијамс. 40-ет годишната тенисерка  од САД последен пат освои грен слем турнир во 2017 година и тоа на Австралија Опен.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, кој веројатно ќе го напушти Леванте доколку тимот испадне од Преимера Дивизион, може да се активира во туркиот Фенербахче. Иако шпанскиот состав има клаузула да му го продолжи договорот за две сезони сосема е реално таа да не се искористи бидејќи според моменталната ситуација сите го гледаат Леванте како нов второлигаш. Затоа, турскиот гигант според денешните најави ќе се обиде да дојде до потписот на Барди кој деновиве е дел од македонската репрезентација која во вторник ја очекува мечот со Португалија за место на Светското во Катар.

Read More

Македонските фудбалери ја расплакаа Италија во срцето на Сицилија. Голот на Трајковски во судиското надополнување ги фрли на колена европските шампиони а ја вивна Македонија на фудбалското небо. „Аѕурите“ имаа тотална доминација од првата до последната минута, но, срцето на македонските „рисови“ машки ја издржа битката. Сега треба да се направи последниот  чекор голем како планина и да се надиграат Португалците предводени од Роналдо.

Read More

Во пресрет на натпреварот Италија-Македонија порака за поддршка до играчите испрати првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. -Оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Тие веќе покажаа дека се спремни за големи работи. Македонските играчи веруваат во себе и знам дека ќе дадат сè од себе за да го исполнат сонот за пласман на Светско првенство. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа да ја бодрат репрезентацијата, уживајте“, изјави Сејдини.

Read More

Легендата на Интер, Валтер Зенга, вели дека Италија не треба да ја потценува Македонија во полуфиналето од квалификациите за Светското првенство во Катар на крајот на годинава. Поранешниот голман за весникот – „Кориере дело спорт“ ги коментираше шансите на италијанската репрезентација. „Се може да се случе бидејќи вечерва е значајна само победата а не секогаш одлучувачки е фактот што тимот е домаќин. Во фудбалот се може да се случи за 90 минути. Противникот има млад тим, но тие постигнаа нешто големо во нивната историја“ – вели Зенга. „Би рекол дека не треба да се потценуваат. Тие секако имаат квалитети и…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, сака да го ангажира играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес. Аргентинецот не стартер кај францускиот состав и според „Calciomercato.com“,  тој може да се врати во “римскиот клуб за кој играше  од 2014 до 2017 година. Договорот на Паредес со Пари Сен Жермен истекува во 2023 година. Единствен проблем во целата ситуација може да биде високата годишна плата на Паредес од 8,5 милиони евра.

Read More

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, има намера да  донесе на Олд Трафорд како помошник една од иконите на „црвените ѓаволи“. Тоа ќе се случи доколку во текот на летото го преземе Манчестер Јунајтед како што се шпекулира последниве денови. Имињата кои се поврзуваат со него се Робин ван Перси, Руд ван Нистелрој и Јан Стам. Нистелрој е помошник тренер во ПСВ Ајндховен а Робин ван Перси во Феенорд. Стам има најдолг стаж како тренер, па дури има искуство и во Англија кога го водеше Ридинг во периодот од 2016 до 2018 година. Тој е моментално без работа.

Read More

Поранешниот напаѓач на Тотенхем и на „Гордиот Албион“, Џермејн Дефо, кој неодамна се врати Сандерленд, најави дека порано од очекувањата ќе ја заврши кариерата. Некогашниот англиски репрезентативец ја информираше јавноста дека се повлекува од играњето фудбал на 39 години односно по цели 22-две откако заплива во професионалните води. Дефо е во моментов деветтиот најдобар стрелец во англиската елита со 162 гола.

Read More

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, вели дека отсуството на Елмаз на утрешниот меч со Италија во баражот за Мундијалот ќе биде голем хендикеп за македонската селекција. Играчот на Наполи ќе мора да го скокне мечот со „аѕурите“ во Палермо поради жолти картони. „Отсуството на Елмас е предност за Италија бидејќи тој е клучен во играта на Македонија. Доколку играше, навистина ќе беше најголема опасност кон „аѕурите“.Во Италија има многу млади играчи како и дел од тие кои дојдоа до трофејот на Европското првенство“ – вели пандев. „ Споредено со ситуацијата пред 20 години, кога дојдов во Италија, техничкото ниво е…

Read More

На одржаната средба во Софија, Република Бугарија, потпишан е меморандум за соработка меѓу Агенција за млади и спорт на РСМ и Министерство за млади и спорт на РБ за соработка во областа на младите и спортот. Со потпишување на меморандумот се зајакнуваат односите меѓу двете земји преку унапредување на соработката во развојот на младите и спортот врз принципите на реципроцитет, заемно разбирање и корисност. Покрај утврдените активности во оперативниот план од страна на Министерство за млади и спорт на РБ се предложи поддршка на Ултра Маратон кој ќе се одвива низ територијата на  Бугарија, Северна Македонија и Албанија, стои во…

Read More