Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, се заразил со коронавирус, соопшти италијанскиот фудбалски состав. Тој бил позитивен на КОВИД-19 уште пред да замине во кампот на репрезентацијата на Аргентина за квалификациските мечеви со Венецуела и Еквадор на 26 март и 30 март за Светското првенство. Лаутаро во сезонава одигра 27 натпревари за Интер на кои постигна 14 голови. Во селекцијата на „гаучосите“ ќе го нема и фудбалерот на Ајакс, Лисандро Мартинез, кој заработи повреда на тетивата под коленото на левата нога.
Author: dino
Ред Бул признаа дека погрешиле со тактиката на Макс Верстапен на вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Бахреин. Актуелниот светскиот шампион беше втор зад лидерот, Шарл Леклер но, непосредно пред финалето се откажа. Советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко објасни дека наредбата на Макс да ги задржи гумите е погрешна и навистина го спречила да се бори со Леклер. „Му рековме не врши притисок за враќање на патеката. Да возеше со нормално темпо ќе беше пред Леклер. Вистината е дека нашиот болид повеќе ги троши гумите од Ферари а моќта на моторот на Скудерија е импресивна“…
Крилниот фудбалер на Арсенал, Бакајо Сака, по натпреварот со Астон Вила, се пожали дека морал да побара од судијата поголема заштита бидејќи противничките фудбалери биле груби во стартовите. На тоа денеска одговри тренерот на Астон Вила, Стивен Џерард, кој очигледно не е задоволен од изјавата на 20-ет годишниот фудбалер на „топчиите“. „Дали навистина рече дека сме премногу груби? Слушајте, тоа е дел од играта. Имам 16 операции, во моментов не можам да одам ни во теретана. Сето тоа е дел од фудбалот во Англија“ – изјави поранешниот капитен на Ливерпул.
Maкедонските фанови кои сакаат да ја бодрат нашата селекција на натпреварот на 24. март против Италија, можат да обезбедат влезници преку линкот https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386 . Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови: Треба да пристапат на следниот линк за билети: https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386. Пред да отпатуваат за Италија, задолжително мора да го пополнат и поседуваат формуларот кој се наоѓа на следниот линк: https://app.euplf.eu/#/
Неколку англиски фудбалски екипи се заинтересирани за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кој најави дека сака да ја напушти Серија „А“ и да заигра во Премиер-лигата. Челзи е на првото место бидејќи бара замена за Рудигер кој на крајот на сезоната дефинитивно ќе си замине. Манчестер Јунајтед исто така отворено најави дека ќе влезе во преговори со агентите на корпулентниот играч. Трансферната вредност на Кулибали е некаде околу 40 милиони евра.
Фудбалерите на Реал Мадрид и на Барселона доцна вечер од 21.00 часот на стадионот – „Сантијаго Бернабе“ ќе го одиграат дербито на Примера Дивизион. Пред така нареченото – „ЕЛ Класико“ , тренерот на Каталонците, Чави, имаше интересна изјава. „Реал Мадрид е како камелеон, не се знае како ќе игра. Не знаете дали ќе ве притиска горе или ќе игра на контри. Не знаеме што не чека“ – вели тренерот на Барса. „Ќе кажам дека Реал е фаворит бидејќи игра на домашен терен и е лидер во првенството“ – нагласи Чави.
Португалецот, Мигел Оливеира, победи во втората сезонска трка во Мото шампионатот која беше возена за големата награда на Индонезија. Истата беше одложувана во неколку наврати поради дождот а во еден момент и гром удри во патеката што се виде на малите екрани. Португалскиот возач победи пред Фабио Квартараро и Жоан Зарко. Четврти заврши Милер пред Милс. Во топ десет влегоа и Мир, Морбидели, Еспаргаро и браќата Биндер. Осумкратниот првак, Марк Маркез, буквално летна од моторот, но, за среќа помина без потешки повреди. Наредниот собир во Мото ГП шампионатот ќе биде на 3 април во Аргентина.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Адис Јаховиќ , поради повреда отпадна од списокот за дуелот со Италија (24.март) и евентуалниот завршен бараж за СП против подобриот од мечот Турција-Португалија. Фудбалерот на Гезтепе почуствувал болка во тетивата на денешниот првенствен натпревар од турското првенство а лекарските прегледи потврдија дека не е во можност да игра. Затоа селекторот, Благоја Милевски, веднаш прати повик до Ердон Даци кој настапува за белгискиот Вестерло.
Мaкедонската ракометна репрезентација обезбеди место во последниот елиминациски филтер за место на Светското првенство во 2023 година иако денеска загуби на теренот на Ромаинија со 24 спрема 22. Решавачки за нашиот пласман во следната елиминациска рунда во која не чека селекцијата на Чешка беше победата во Скопје со осум разлика. Во нашиот тим селекторот и воедно капитен, Лазаров постигна шест голови додека кај Романците Хавиер Хумет застана на седум погодоци.
Возачот на Ферари, Шар Леклер, ќе старува од челната позиција на првата сезонска трка во Формула 1 која ќе биде возена утре за Големата награда на Бахреин на патеката „Сахир“. Веднаш зад него ќе биде бранителот на титулата, Макс Ферстапен следен од Карлос Саинц и Перез. Луис Хамилтон на денешните квалификации имаше петто време а Ботас шесто. Меѓу првите 10-ет место обезедија и Магнусен, Алонсо, Расел и Гасли.
