Author: dino

Македонската ракометна репрезентација славеше убедливо против Романија со 30 спрема 22 во првата средба од баражот за пласман на Светското првенство. „Црвено-жолтите“ одиграа одлично во последните 10 минути и обезбедија позитива од осум голови за саботниот реванш во Букурешт. Во нашиот табот бласкава партија имашеТалевски кој постигна 10 голови додека Лазаров и Филип Кузмановски постигнаа по седум. Победникот од двомечот во последниот филтер за СП ќе ги одмери силите со Чешка.

Read More

Менаџерот на Лидс, Џеси Марш, објави дека Калвин Филипс и Лијам Купер можат да играат во наредниот период. Двајцата немаат официјален натпревар од декември. Екипата на Лидс утре ќе гостува кај Вулверхемптон во натпревар од 30. коло на Премиер лигата. Филипс се опоравуваше од повредата на бутот а Купер имаше проблеми со мускулите. „Разговарав со двајцата. Нивното враќање ќе биде голем плус за тимот и ќе не направат посилни“ – изјави Џе Марш.

Read More

Лондонскиот инвестициски фонд –„ Eitel Partners“ е последниот кој достави официјална понуда да го купи фудбалскиот состав Челзи. Според Тајмс, предлогот надминува 2 милијарди фунти. Инвеститорите уверија дека доколку нивната понуда биде прифатена, Томас Тухел и фудбалерите ќе останат во клубот. Дополнително, тие се подготвени веднаш да инвестираат 50 милиони фунти за клубот да биде солвент и да ги покрие тековните трошоци. Воедно во план е реновирање и на Стемфорд Бриџ. Понудата пристигнува во последен момент бидејќи американската банка-  „Рејн груп“, која е ангажирана да го најде најдобриот купувач за клубот, одреди рок до петок, 18 март, во кој ќе…

Read More

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, денеска на средба со новинарите го објави списокот на репрезентативците за престојниот бараж против Италија за место на Мундијалот во Катар. На списокот се ставени и суспендираните Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои нема да може да играат против европскиот првак Италија, но, ќе бидат во комбинација доколку обезбедиме пласман во завршниот бараж против подобриот од мечот Турција-Португалија.

Read More

Бранителот на пехарот во Лигата на шампионите, Челзи, доцна вечер од 21.00 ќе гостува кај екипата на Лил. „Сините“ од Лондон го добија првиот меч со 2:0 и сега може релаксирано да одиграат на гостувањето во Франција. Францускиот клуб никогаш не стигнал до четвртфиналето на Лигата на шампионите, но, главниот тренер, Жослен Гурвенек, се надева дека вечер неговите момци ќе испишат историја. Двата тима се сретнале три пати а сите пресметки ги доби Челзи. Гол разликата е 6-2 за лондончани. Веројатни состави: ЛИЛ (4-4-2): Жардим; Челик, Фонте, Ботман, Џало; Бамба, Андре, Шека, Гудмундсон; Дејвид, Јилмаз.ЧЕЛЗИ (3-4-3): Менди; Т. Силва, Кристенсен,…

Read More

Фудбалерите на Јувентус денеска ќе го пречекаат Вилјареал во реваншот од 1 / 8 финалето во Лигата на шампионите. „Старата дама“ откако на гостувањето во Шпанија извлече 1-1, сега со помош на тифозите ќе се обиде да го искористи домашниот терен и да го продолжи престојот во Европа. Веројатни состави: ЈУВЕНТУС (4-4-2): Шчесни; Данило, Киелини, Де Лихт, А. Сандро; Квадрадо, Локатели, Артур, Пелегрини; Влаховиќ, Мората. ВИЛЈАРЕАЛ (4-2-3-1): Рули; Орие, Менди, П. Торес, Педраза; Коклен, Парехо; Чуквензе, Ло Селсо, Тригерос; Данџума. Судија: Марчињак (Полска)

Read More

Дефанзивниот фудбалер на Атлетик Билбао, Иниго Мартинез и голманот, Унаи Симон, не учествуваа на вчерашниот тренинг, објавија изутринава шпанските медиуми. Тие се соочуваат со различни повреди и во наредните денови ќе бидат надвор од теренот. Тренерот на  Баскискиот тим, Марселино, се надева дека барем еден од нив ќе му биде на располагање за петочниот меч со Хетафе. Атлетик Билбао во Ла Лига се наоѓа на осмото место на табелата и се бори за евро-виза за наредната сезона.  

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, по елиминацијата од Атлетико Мадрид во ЛШ, остро ги критикуваше судиите. Германецот прво се насочи кон голот а потоа и кон односот на Винчич кон шпанските фудбалери. „Тоа беше чист фаул врз Еланга и тоа е јасно, судијата и помошникот не го видоа тоа“ – изјави Рангник. „ Играчите на Атлетико постојано лежеа на теренот. Имаше чудни судиски одлуки. На крај даде четири минути продолжение што беше навистина смешно“ – потенцираше изнервирано Рангник.

Read More

Манчестер Јунајтед може да заработи казна од УЕФА откако неговите фанови на вчерашниот меч со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите фрлаа со шишиња кон гостинскиот тренер, Диего Симеоне. Аргентинецот по големата победа на „Олд Трафорд“ и пласманот во 1 /4 фоиналето веднаш се стрча кон соблекувалната а домашните навивачи фрлаа со шишиња по него. ​За среќа тој не беше погоден, но, камерите одлично го уловија тој момент.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Каи Хаверц, вели дека би ги покрил сите трошоци околу патувањата откако „сините“  се соочуваат со санкции од Премиер-лигата и имаат лимитиран буџет за трошење до крајот сезоната. „Би платил, без никаков проблем.Тоа не е голема работа за нас. Мислам дека во моментов во светот има многу потешки работи од тоа дали ние ќе патуваме со автобус или со авион на гостувањата“ – вели Хаверц. Неговиот тим денеска го очекува реваншот со Лил во Лигата на шампионите. Англичаните славеа во првиот меч со 2:0.

Read More