Author: dino

Ракометната федерација објави дека се пуштени во продажба влезниците за бараж мечот со Романија кој ќе биде одигран наредниот четврток во СЦ Борис Трајковски со почеток во 19.00 часот. – Продажбата на влезници за натпреварот започнува напладне и билетите можат да се набават електронски преку интернет страницата на МК Тикетс, како и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата по цена од 100 денари, соопшти РФМ. Навивачите треба да поседуваат сертификат за вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан коронавирус во последните шест месеци.

Read More

Претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу, објави дека Белорусија доби забрана да биде домаќин на меѓународни настани. „Светскиот атлетски совет одлучи да воведе санкции за Белоруската атлетска федерација.Тие вклучуваат забрана за организирање меѓународни натпревари“ – рече Коу. На 1 март, Светската атлетика одлучи привремено да го забрани учеството на руски и белоруски спортисти на сите собири под покровителство на организацијата. Одлуката е донесена поради воената акција во Украина.

Read More

Фудбалерот на Интер, Марсело Брозовиќ, кој превентивно го напушти теренот на мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите, нема повреда на  потколеницата. – Прегледите на Марсело Брозовиќ од стрна на медицинскиот штаб на клубот покажаа дека тој нема повреди“ – соопшти италијанскиот состав. Тоа значи дека играчот од средниот ред во текот на викендот ќе може да настапи на претстојниот меч со Торино.

Read More

Челниците на Тотенхем планираат да испратат понуда до дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, кој не е задоволен од минутажата и сака да си замине од „Енфилд“. 24-годишниот  фудбалер од почетокот на сезоната забележа скромни 14 натпревари од кои 5 беа во Премиер лигата. Тоа само наведува дека Гомез не влегува во плановите на тренерот, Јирген Клоп и дека ќе добие дозвола да ги напушти „црвените“.

Read More

Рускиот боксер, Андреј Федосов, ќе биде новиот противник на Кубрат Пулев. Мечот е закажан за 14 мај во Форум салата со 17.000 седишта во Инглвуд, Калифорнија. Пресметката ќе биде во 10 рунди. Федосов, кој има 32 победи од кои 26 со нокаут и само 3 порази во професионалниот ринг,  долги години, живее во САД. Русинот има 8 последователни победи а неговиот последен пораз беше со технички нокаут од Брајант Џенингс на 14 јуни 2013 година.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, верува дека  Андреас Кристенсен кој нема потпишано нов договор, ќе остане и натаму во редовите на „сините“. „Постојано ги слушаме информациите кои доаѓаат за нашиот фудбалер. Клубот ќе се обиде да го убеди  да остане“ – вели Тухел. Данскиот дефанзивец кој има 25 настапи во сите конкуренции се наоѓа на радарот на Барселона.

Read More

Инаки Пена, голманот на Барселона, кој настапува како позајмен во Галатасарај, доби пофалби од стратегот на шпанскиот состав, Чави Ернадес, откако вчера имаше неколку фантастични одбрани токму против Каталонците во Лига Европа. „Во вториот дел бевме подобри но, противникот имаше одлична одбрана а голманот Инаки беше спектакуларен“ –  изјави Чави по мечот. Кој ќе патува во наредната фаза ќе се дознае по реваншот во Турција кој ќе биде одигран наредната недела.

Read More

Барса вчера одигра без голови на домашен терен со Галатасарај во првиот меч од 1 /8 финалето во Лига Европа. Домашниот фудбалер, Ерик Гарсија, вели дека турскиот тим покажал голема борбеност. „Сакавме да победиме, знаевме дека Галатасарај е многу компетитивен тим. Во првиот дел немавме добар посед а во вториот го немавме завршниот удар“ – вели Гарсија. „Ќе одиме во Истанбул да победиме и да поминеме во наредната рунда“ – потенцираше фудбалерот на Каталонците.

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе,  ги искористи социјалните мрежи за да проговори околу поразот од Реал Мадрид во елиминацискиот дел од Лигата на фудбалските шампиони. -Тоа е тежок момент, Лигата на шампионите беше голема цел за нас но, потфрливме и не успеавме.  Сепак, сезоната не е завршена, ќе останеме обединети до последниот меч. Им благодариме на навивачите кои не поддржа – напиша  Мбапе. Како стојат работите, репрезентативецот на Франција верoјатно во текот на летото ќе се пресели во Реал Мадрид.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурисио Сари, дал зелено светло Сергеј Милинковиќ-Савиќ да биде ставен на траснфер-пазарот во текот на летото. Србинот иако има договор со „римските орли“ до 2024 година, клубот се соочува со големи финансиски проблеми и одлучи да го продаде за 70 милиони евра. Не е тајна дека за услугите на Милинковиќ-Савиќ се заинтересирани неколку европски гиганти: ПСЖ, Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Read More