Легендите на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс и Рио Фердинанд, беа едногласни дека Атлетико Мадрид вчера имаше одлична поставеност на теренот и сосема заслужено ги елиминираше „црвените ѓаволи“ од Лигата на фудбалските шампиони. „Атлетико беше феноменален. Сакам да ја гледам пасијата која доаѓа од Симеоне. Вистинска лекција како се доаѓа на гостински терен и се победува“ – изјави Сколс. „Честитки за Атлетико. Беа паметни во малите детали и беа максимално мотивирани“ – беа зборовите на Фердинанд.
Author: dino
Италијанските власти дозволија баражот за Мундијалот меѓу „аѕурите“ и Македонија да се одигра пред полни трибини на стадионот во Палермо. „Со оглед на моменталната епидемиолошка ситуација и значењето на настанот, мечот меѓу Италија и Македонија ќе се игра со 100 проценти од капацитетот на стадионот“- изјави денеска Министерот за здравство на Италија, Роберто Сперанца. Гледано од почетокот на пандемијата во март 2020 година, тоа ќе биде прв меч за европскиот шампион пред полни трибини. Капацитетот на стадионот- „Енцо Барбера“ е 36.365 седишта.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година месецов ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. На 24. март нашите млади фудбалери играат против Србија во Белград со почеток од 17:00 часот а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески” од 18:00 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови. Селекторот Драги Канатларовски за двата меча повика 23-ца фудбалери. ГОЛМАНИ: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Борец 1919), Дамјан Серафимов (Охрид Лихнидос). ОДБРАНА: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи 1927), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Бесир Исени…
Maкедонскиот фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков, кој мораше да ја напушти Ворскла поради војната меѓу Русија и Украина повторно ќе игра во соседна Бугарија во екипата на Славија Софија. Тој првиот дел од сезоната го помина во Левски по што потпиша договор со украинскиот тим, но, по наметната ситуација и воениот конфликт во тој дел на светот, беше приморан да побара нов клуб. Неговиот нов ангажман го потврди и првиот човек на Славија Софија, Венцислав Стефанов.
Фудбалерите на Ајакс кои денеска ги очекува реваншот со Бенфика во Лигата на шампионите, веројатно во текот на летото ќе останат без тренерот, Ерик тен Хаг, пренесува холандскиот весник – „De Telegraaf“. Според одредени шпекулации, 52-годишниот стручњак влегува во опциите за тренер на Манчестер Јунајтед кој во моментов го води Ралф Рангник. Тен Хаг освои две титули во Холандија со „копјаниците“.
Атлетико Мадрид денеска ќе гостува кај Манчестер Јунајтед во реванш-средбата од елиминациската фаза во Лигата на шампионите. Пред мечот на „Олд Трафорд“, англиските медиуми изненадувачки објавија дека голманот на шпанскиот состав, Јан Облак, би можел во текот на летото да се пресели во Њукасл. Според изворот, интернационалецот од Словенија ги започнал последните 1,5 години од договорот со „јорганџиите“ и клубот би сакал да заработи од неговата продажба.
Арсенал ќе се обиде да го ангажира напаѓачот, Филипе Кутињо, пишува денеска англискиот печат. Бразилецот кој во јануари пристигна во Астон Вила како позајмен од Барселона, во континуитет покажува блескави партии со што го привлече вниманието на „топчиите“. Згора на тоа, тренерот на екипата од Бирмингем, Сивен Џерард, неодамна призна дека тешко ќе оди купувањето на Кутињо за околу 40 милиони евра. Англискиот тим во моментов издвојува околу една третина за платата на Бразилецот која е активна во договорот со Барса.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, се наврати на победата против Тотенхем и трите гола на Кристијано Роналдо. „Го одигравме веројатно најдобриот меч во сезонава. Противникот покажа голем квалитет. Роналдо беше подготвен и затоа играше од првата минута“ – вели Германецот на клупата на „црвените ѓаволи“. Неговиот тим успеа да слави против „спарси“ со 3 спрема 2 благодарение на хет-трикот на Португалецот.
Мохамед Салах не сака да потпише нов договор со Ливерпул бидејќи не е задоволен од финансиските услови, објавија дел од медиумите во Англија. Еден од најдобрите фудбалери во Премиер-лигата може да ја промени средината доколку „црвените“ не му ја исполнат желбата и не му дадат многу поголема плата. Шпанскиот медиум – „АС“, денеска објави, дека репрезентативецот на Египет е трансферна цел на Барселона доколку не успее да го купи Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд
Македонскиот ракометен состав Вардар ги дозна термините за двомечот со Веспрем во првата елиминациска фаза во елитата на Европа. Првиот меч ќе биде реализиран на 31 март во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18.45 часот додека реваншот ќе се игра седум денови подоцна во истиот термин во Унгарија. Ќе потсетиме дека во претходната сезона „црвено-црните“ беа елиминирани токму од унгарскиот состав откако ги загубија двата меча.
