Македонскиот ракометен состав Вардар ги дозна термините за двомечот со Веспрем во првата елиминациска фаза во елитата на Европа.
Првиот меч ќе биде реализиран на 31 март во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18.45 часот додека реваншот ќе се игра седум денови подоцна во истиот термин во Унгарија.
Ќе потсетиме дека во претходната сезона „црвено-црните“ беа елиминирани токму од унгарскиот состав откако ги загубија двата меча.