Author: dino

Првите луѓе на Јувентус планираат да го ангажираат португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез, пренесува денеска – „Тутоспорт“. Наводно, францускиот Лил е подготвен да се раздели со фудбалерот во текот на летото бидејќи неговиот договор истекува во 2023 година. Покрај „старата дама“, за услугите на Санчез се заинтересирани и Милан и Арсенал.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не сакаше да ја коментира ситуацијата во редовите на Челзи откако тимот е ставен под специјален третман поради рускиот милионер, Роман Абрамович. Британците денеска го замрзнаа целиот имот на рускиот олигарх и одредија посебни услови за работа на лондончани. „Не ја знам точната причина зошто се случило тоа. Дајте ми неколку дена за да можам да дадам коментар“ – изјави Гвардиола.

Read More

Челзи ќе бара промена на лиценцата под која ќе мора да работи за време на санкциите на сопственикот, Роман Абрамович. Барањето доаѓа откако  британските власти го „замрзнаа“ целиот имот на Русинот а клубот ќе може да работи под специјални услови. Тоа значи дека не смее да прави трансфери, да продолжува договори на фудбалери како и да продава акции. „Ќе разговараме со адвокатите за специјалната лиценца.  Ќе побараме и насоки за промена на лиценцата врз хуманитарната работа на Челзи“ – стои меѓу другото во соопштението на лондончани.

Read More

На  47 годишна возраст почина Марио Ѓурчиновски кој беше дел од структурата на ФФМ и ја извршуваше функцијата координатор за едукација на тренери. Ѓурчиновски речиси 20 години беше дел од сите наши репрезентации започнувајќи од најмалите возрасни категории. Тој ја имаше и улогата на технички директор кај сениорите кои направија историски успех за мак-фудбалот и беа дел од Европското првенство 2020 година.

Read More

Вечер во Англија не чека мечот меѓу Манчестер Сити и Спортинг. Избраниците на Гвардиола на „Етихад“ треба да имаат само полесен тренинг откако славеа убедливо на гостувањето во Лисабон со 5-0. „Граѓаните“ кои се наметнуваат како еден од фаворитите за победничкиот пехар, во последниве четири години успеваат да дојдат најмалку до 1 /4 финалната фаза. Португалскиот тим никогаш не го прескокнал осмина-финалето во Лигата на шампионите. Во историјата нема екипа која успеала да анулира негатива од 5 голови по првиот меч. Двата тима се сретнале 4 пати во Европа а билансот е три победи на Манчестер Сити и една на…

Read More

Дуелот на гигантите на стадиониот – „Сантијаго Бернабе“ ќе ја обележи вечерта во фудбалска Европа. Реал Мадрид и Пари Сен Жермен релно гледано ни останаа должни по првиот меч во Франција кој им припадна на домаќините со минимални 1-0. Затоа, сите се надеваат дека ќе вечер ќе гледаме спектакуларен дуел со тенденција да се постигне гол повеќе од противникот.  Реал во последниве три сезони дури два пати беше елиминиран во 1 /8 финалето. Традицијата е исто така против „белите“ откако по пораз во првиот натпревар во последните 10 пресметки само еднаш продолжиле во наредната фаза. Веројатни состави. Реал Мадрид:  Куртоа;…

Read More

Поранешните фудбалери на Барселона, Нејмар и Меси, денеска во дресот на ПСЖ ќе се појават на стадионот – „Сантијаго Бернабе“ на реванш-мечот со Реал Мадрид во 1 /8 финалето во Лигата на шампионите. Бидејќи Аргентинецот и Бразилецот се враќаат на добро позната локација на која ги играле популарните мечеви наречени – „Ел Класико“, јасно е дека кај нив има посебни емоции. „За мене и Лео ќе биде посебен меч поради тоа што ги доживеавме во Барселона. Финалето во Лигата на шампионите ќе биде во Париз. Тоа ни дава дополнителна мотивација“ – потенцираше Нејмар.

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, стана стрелец на најбрзиот хет-трик во историјата на Лигата на фудбалските Шампиони. Тој на вчерашниот реванш меч со Салцбург реализираше во 12, 21 и во 23. минута со што успеа да го надмине рекордот на поранешниот голегетер на Милан, Марко Симоне. Играчот на „росонерите“ во 1996 година  на „Сан Сиро“ на мечот со норвешкиот Розенборг постигна три гола за 24 минути.

Read More

Швајцарското обвинителство побара затворска казна од 28 месеци за претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Калаифи. Првиот човек на популарните „светци“  заедно со Жером Валке, поранешниот генерален секретар на ФИФА, е обвинет за корупција. Ал Калаифи кој е сопственик на катарскиот канал – „beIN Sports“ е осомничен дека го подмитил Валке за да ги добие правата за пренос на Светското првенство и Купот на Конфедерациите.

Read More

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, не крие дека е разочаран од елиминацијата во ЛШ. Неговиот гол вчера им донесе минимална победа од 1-0 на Италијанците на теренот на Ливерпул, но, англискиот состав оди понатаму благодарение на триумфот во Милано со 2-0. „Го направивме тоа што го сакавме, покажавме карактер и желба да пројдеме во наредната рунда. Им го загорчивме животот на еден од најтешките стадиони во светот“ – вели напаѓачот на Интер. „Вистинска е штета што на крајот завршивме со 10 играчи на теренот, такви детали и такви работи ја прават разликата во Лигата на шампионите“ – изјави Лаутаро.

Read More