Првите луѓе на Интер ќе побараат од Аргентинската фудбалска федерација да ги изостави репрезентативците, Лаутаро Мартинез и Хоакин Кореја за квалификациските мечеви против Венецуела (26 март) и Еквадор (30 март). Италијанците се определија за такво барање бидејќи „гаучосите“ имаат обезбедено место на СП а „нероаѕурите“ ги чека дерби со Јувентус на 3 април веднаш по паузата за репрезентативните активности. Италијанскиот тим сака Мартинез и Кореја да бидат максимално подготвени за да настапат против „старата дама“. Тоа може да биде решавачки меч за титулата во Серија „А“.
Author: dino
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, по кој знае кој пат ја повика ФИФА да се откаже од идејата да има Мундијал на две години откако Џани Инфантино, побара поддршка за идејата од националните федерации. Тој иако вети дека ќе се генерира дополнителен приход од 4,4 милијарди долари на две години, Европа и Јужна Америка веднаш беа против. „Имав дискусија со претседателот на ФИФА, не треба да се мешаме во развојот на фудбалот на другите континенти, но, тоа не треба да им наштети на европската и јужно-американската федерација“ – вели Чеферин.
Челниците на Тотенхем сакаат да му ја исполнат желбата на тренерот Антонио Конте и да го ангажираат фудбалерот на Интер, Де Вриј. Холанѓанецот иако има договор до јуни во 2023 година, веројатно во текот на летото ќе си замине од Милано. Англискиот тим гпонудил 4-годишен договор со плата од 6,5 милиони евра. Претходно имаше информација дека „нероаѕурите“ за пописот на дефанзивецот бараат 35 милиони евра.
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој по многу перипетии мораше да го пропушти големиот собир во Мелбурн, дефинитивно ќе може да настапи на вториот годинашен Грен Слем турнир на терените на Ролан Гарос. Властите во Франција ги олабавија ковид – мерките што значи дека таму ќе може да влезат и лица кои не поседуваат ковид – сертификати. Тоа значи дека Ѓоковиќ ќе има шанса да ја брани титулата на Отвореното првенство на Франција.
УЕФА соопшти дека сите клубови од Белорусија и нејзините репрезентациите ќе мора да ги играат домашните натпревари на неутрални терени. Покрај тоа, извршниот комитет одлучи сите натпревари на белоруските тимови кога ќе бидат домаќини да се одиграат пред празни трибини. Причина за санкцијата од страна на Европската куќа на фудбалот е поддршката што Белорусија и ја дава на Русија која реализира воени дејствија во Украина.
Откако Барселона потврди дека е заинтересирана за фудбалерот на Милан, Френк Кеси, се огласи директорот на „росонерите“, Паоло Малдини. Тој за италијанските медиуми вели дека таа информација не е изненадување. „Нормално е Барселона да го сака Кеси. Нашата позиција е јасна. Ние нема да го промениме ставот“ – вели Малдини кој ќе се обиде по секоја цена да го убеди напаѓачот да остане на „Сан Сиро“. Медиумите предвидуваат дека Кеси веројатно ќе се пресели во Шпанија бидејќи упорно одбива да ја продолжи соработката со италијанскиот состав.
Возачите од Русија и Белорусија го задржуваат правото да учествуваат на автомобилски трки под покровителство на Меѓународната автомобилистичка федерација. Така одлучи советот на ФИА со кој раководеше новиот претседател на федерацијата, Мохамед бин Сулејем. Тој откако го осуди рускиот напад врз Украина, потврди дека претставниците на Русија и Белорусија во различните комисии на ФИА ќе ги напуштат позициите, но, спортистите од тие земји нема да бидат исклучени од натпреварувањата. Тоа значи дека рускиот Формула 1 возач, Никита Мазепин, може да се избори за место во екипата на Хаас во која неговиот татко има 20% а болидите се брендирани со боите…
Тренерот на фудбалерите на Фрајбург, Кристијан Штрајх, изјави дека ќе настапи со најдоброто што го има на располагање на денешното гостување кај Бохум во новата рунда од Германскиот Куп. Тој на средбата со новинарите, нагласи дека четворица од стандардните првотимци се настинати и дека може да го пропуштат денешниот натпревар. „Преферирам да не ги кажувам имињата на играчите. Сите тестови за коронавирус се негативни“ – рече тренерот на Фрајбург кој заедно со РБ Лајпциг и Хофенхајм се бори за место во Лигата на шампионите
Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, планира да стави крај на професионалната боксерска кариера по мечот против Дилијан Вајт. Пресметката меѓу двајцата е закажана за 23 април на стадионот „Вембли“. 33-годишниот Британец вели дека тоа ќе му биде последното влегување во рингот. „Имам 150 милиони долари на мојата банкарска сметка, сè уште сум млад, здрав, ќе купам огромна јахта некаде во странство. Се откажувам, завршив“, објави Фјури.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека не обрнува внимание на приказните дека неговиот состав до крајот на сезоната може да освои три титули. „Граѓаните“ се лидери во Премиер лигата, остануваат во трката пехарот во Лигата на шампионите а по вчерашната победа кај Питерборо со 2-0 и во битката за победничкиот пехар во ФА Купот на Англија. „Нема да паднам на таа приказна и да се занимавам со прогнози. Нас нè интересира само натпреварот кој доаѓа против Манчестер Јунајтед“ – вели Гвардиола кој не ја пропушти шансата да ги пофали Марез и Грилиш за постигнатите голови на…
