Author: dino

Екипите на Барселона и на Баерн Минхен се главните кандидати да го добијат потписот на дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, кој ги одработува последните месеци од договорот со лондончани. Корпулентниот фудбалер не е задоволен од понудата на „сините“ за да остане на „Стемфорд Бриџ“ и затоа сака да ја продолжи кариерата во друг состав. Бидејќи Кристенсен во текот на  летото ќе биде слободен играч, Каталонците и Баварците влегле во интензивни преговори со неговиот агент задолжен за трансфери. Во моментов нема конкретни детали околу финансиските услови кои ќе ги побара фудбалерот.

Read More

Украинската биатлон федерација соопшти дека 19-годишниот Евгениј Малишев бил убиен за време на борбите во Украина. Тинејџерот набрзо требаше да наполни 20 години. „Хероите никогаш не умираат“, напишаа некои од неговите колеги на социјалните мрежи. Малишев е третиот познат спортист кој загина за време на војната. Пред него животите за слобода на Украина ги положија и 21-годишниот Виталиј Сапило кој беше фудбалер на Лвов и 25-годишниот Дмитро Мартиненко од екипата на Гомел. Во моментов повеќе видни спортисти се активни во воените дејствија. Тука се браќата боксери, Витали и Владимир Кличко, како и Олимпијците, Дмитриј Пидручни и Дмитриј Мазурчук, кои ја…

Read More

Фудбалерот, Серхи Роберто, кој одамна го загуби местото во Барселона, донел одлука да си замине по завршувањето на сезоната и да се пресели во САД во екипата на Лос Анџелес Галакси. 30-годишниот каталонски тинејџер не се согласува да потпише нов договор со помала плата и затоа ќе го напушти „Камп Ноу“. Роберто долго време е повреден и нема играно од октомври. Тој моментално се опоравува и тренира одвоено од другите.

Read More

Аргентинецот, Серхио Агуеро, кој во изминатото лето го напушти Манчестер Сити и замина во Барселона, верува дека „граѓаните“ може да ги освојат титулите во Премиер-лигата, ФА Купот на Англија и Лигата на шампионите. 33-годишниот Агуеро кој на крајот на 2021 година мораше да се повлече од фудбалот поради проблеми со срцето,  е еден од најдобрите стрелци во историјата на англискиот клуб. „Во Манчестер Сити се обидовме да ги освоиме сите можни трофеи. Така ќе биде и во иднина. Мислам дека тимот има големи шанси повторно да го освои домашното првенство, како и ФА Купот и Лигата на шампионите“ –  изјави…

Read More

Тренерот на фудбалерите на  Ливерпул, Јирген Клоп, проговори за повредата на Тиаго Алкантара кој во текот на викендот мораше да го пропушти финалето на Лига купот против Челзи. Шпанскиот играч за врска беше ставен во стартниот состав на „црвените“, но, при загревањето почувствувал болка. Тијаго денеска ги помина деталните медицински прегледи а Клоп е уверен дека играчот од средниот ред наскоро ќе се врати во игра. „Бев изненаден бидејќи го гледав целото загревање и не видов ништо. Кога влегов во соблекувалната видов дека Тијаго е на медицинската маса. Нашите физиотерапевти ми рекоа дека чувствува болка во тетивата, што дефинитивно е…

Read More

Финската федерација за хокеј на мраз соопшти дека ги осудува активностите на Русија во Украина и дека започнала преговори со Меѓународната федерација и другите земји за да се процени ситуацијата и можните мерки. „Активно учествувавме во дискусиите во текот на викендот и имавме средба со претседателот на ИИХФ, Лук Тардиф. Информиравме дека Русија и Белорусија траба да бидат целосно исклучени од меѓународните хокеарски активности и дека нема да играме против репрезентациите на тие земји“ – вели Нуммела. „Потенциравме дека Русија и Белорусија нема да можат да учествуваат на машкото светско првенство во Тампере и Хелсинки во месец мај“ – изјави…

Read More

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, пред утрешното гостување кај Татабања, вели дека неговите избраници одиграле одличен меч со Кадетен Шафхаузен и дека остануваат со амбиции за првото место во групата. „Имавме перфектен натпревар против Кадетен Шафхаузен и ги покажавме нашите индивидуални и тимски вредности. Имаме уште две кола а математички уште не го обезбедивме осминафиналето“ – изјави Бабиќ. Средбата од групата „Д“ во Европската лига меѓу унгарскиот состав и Битолчани ќе биде одиграна утре од 18.45 часот.

Read More

Рускиот тенисер, Данил Медведев, го помина Новак Ѓоковиќ на челната позиција на АТП листата. Србинот го држеше првото место од 20. јануари во 2020 година или вкупно 361 недела. Разликата меѓу Медведев и Ѓоковиќ изнесува 150 поени. Така ќе биде до 13.март кога Ноле ќе се врати на првото место бидејќи Медведев нема да ги брани поените освоени во минатата година на турнирот во Марсеј. Еве како изгледа натаму изгледа Топ 10 листата на АТП. Трет е Александар Зверев пред Рафа Надал, Стeфанос Циципас е на петтото место. Андреј Рубљов ја има шестата позиција, седми е Матео Беретини пред Каспер…

Read More

Рафаел Надал кој победи на тенискиот АТП турнир во Акапулко, сега има 91 трофеј или само три помалку од третиот на вечната листа, Иван Лендл (94). Првите две позиции ги имаат Џими Конорс (109) и Роџер Федерер (103). „Секогаш велам дека таквите работи треба да се мерат само кога ќе заврши кариерата. Најважно е дека победив бидејќи на турнирот учествуваа неколку играчи кои се во самиот врв на светскиот тенис“ – вели Надал. Шпанецот влезе во историјата на турнирот во Мексико бидејќи е најмладиот и воедно највозрасниот тенисер со титула во Акапулко.

Read More

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, кој има договор до јуни,  повторно внесе надеж кај челните луѓе дека може да остане на „Паркот на принцовите“. 23-годишниот фудбалер кој според одредени шпекулации треба да направи трансфер во Реал Мадрид, по мечот со Сент Ентјен имаше неодредена изјава. „Ќе видиме што ќе се случи. Во моментов пред мене е само Кавани со најмногу голови со тимот на ПСЖ. Шансата да станам најдобар голгетер во историјата на клубот е нешто што не можам да го игнорирам. “ изјави напаѓачот. Мбапе  има 156 гола за ПСЖ и се израмни на второто место со…

Read More