Украинската биатлон федерација соопшти дека 19-годишниот Евгениј Малишев бил убиен за време на борбите во Украина. Тинејџерот набрзо требаше да наполни 20 години.
„Хероите никогаш не умираат“, напишаа некои од неговите колеги на социјалните мрежи. Малишев е третиот познат спортист кој загина за време на војната. Пред него животите за слобода на Украина ги положија и 21-годишниот Виталиј Сапило кој беше фудбалер на Лвов и 25-годишниот Дмитро Мартиненко од екипата на Гомел.
Во моментов повеќе видни спортисти се активни во воените дејствија. Тука се браќата боксери, Витали и Владимир Кличко, како и Олимпијците, Дмитриј Пидручни и Дмитриј Мазурчук, кои ја претставуваа Украина на неодамна завршените Зимски игри во Пекинг,