Author: dino

Фудбалската репрезентација на Полска нема да го одигра баражот против Русија за место на СП во Катар кој е закажан за 24 март во Москва. Одлуката е донесена во знак на протест поради руската инвазија на Украина. „Поради ескалацијата и насилството на Русија врз Украина, репрезентацијата на Полска нема да игра против Русија. Тоа е единствената правилна одлука“ изјави првиот човек на полската федерација Цезар Кулеза, за што доби поддршка и од прват ѕвезда на Полска, Роберт Левандовски. -Не можам да замислам да играм против Русите, додека Украина е под напад. Руските фудбалери и навивачи не се одговорни за тоа…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека неговиот тим не се бори за титулата во Серија „А“. Специјалистот откри дека може да му даде одмор на Душан Влаховиќ на утрешниот натпревар против Емполи. „Го загубивме првиот меч од нив. Никогаш не е лесно да се игра во Емполи. Треба да ги наполниме батериите физички и психички“ – вели Алегри. „Мозес Кин може да игра утре. Одмор ќе добијат Влаховиќ или Мората. Се бориме на сите фронтови, освојувањето на Скудетото во моментов изгледа многу тешко. Ние сме надвор од битката за титулата“ – вели тренерот на Јувентус.

Read More

Американскиот Формула 1 тим Хаас, објави, дека неговиот возач Мик Шумахер нема да може да учествува во вечерниот дел од третиот ден од зимските тестирања во Барселона на патеката Каталуња. Никита Мазепин успеа да извози само девет круга претпладнето поради технички проблеми а механичарите на американскиот тим дојдоа до заклучок дека нема да имаат време да го поправат болидот пред крајот на трките. „Иако се надевавме дека болидот ќе може да се врати на патеката попладнево, работата за поправка ќе потрае уште неколку часа, така што, за жал, нема да се вратиме на патеката денеска“ – стои во соопштението објавено…

Read More

Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстон , се осврна руско-украинскиот конфликт и проговори за рускиот претседател Владимир Пути. Неговата изјава доаѓа откако ФИА го откажа Руското Гран при во Сочи. „Лично, Путин го гледам како многу директна и благородна личност. Тој го направи токму тоа што вети дека ќе го направи, без аргументи. Велите дека ветил дека нема да ја нападне Украина? Условите се променија, нели?- вели Еклстон. Трката за ГН на Русија во Формула 1 беше предвидена во терминот од 23 до 25 септември.

Read More

Тренерот на Брентфорд, Томас Франк, потврди дека фудбалерот од средниот ред Кристијан Ериксен ќе дебитира во 27. коло од англиската Премиер лига со Њукасл. 30-годишниот Данец беше претставен како играч на Брентфорд на крајот на јануари откако потпиша договор со тимот до крајот на сезоната.  Тој меч ќе биде прв официјален за Ериксен од јуни 2021 година кога на мечот со Финска на ЕП доживеа срцев удар. Ериксен има вграден дефибрилатор, кој не смее да се користи во Италија по што мораше да го раскине договорот со Интер.

Read More

Фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, поради настаните што се случуваат во Украина го раскина спонзорскиот договор со руската авиокомпанија – Аерофлот. -Ги прекинавме договорите со Аерофлот. Ја споделуваме загриженоста на навивачите и луѓето ширум светот и го изразуваме нашето сочувство за погодените – се вели на официјалната веб-страница на Манчестер Јунајтед. Потегот на англискиот клуб е поврзан со  започнувањето на специјална воена операција на Руската Федерација на територијата на Украина.

Read More

ФФМ ја сподели објавата на нашиот фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков, кој во моментов е во Украина во Полтава. -Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да…

Read More

Тенискиот турнир во Санкт Петербург годинава е преместен во Нур-Султан (Казахстан), објави АТП. Причините за промената не се соопштуваат иако може да се претпостават по целата ситуација меѓу Русија и Украина и вооружениот конфликт кој започна денеска. Турнирот  во категоријата АТП 250 ќе се одигра  од 19 до 25 септември.  Собирот во Санкт Петербург се одржува од 1995 година а во 2021 година шампион беше Хрватот. Марин Чилиќ. Одлуката на организаторите натпреварувањето од Санкт Петербург да се пресели во Нур-Султан не е изненадување, коментира за ТАСС претседателот на Руската тениска федерација, Шамил Тарпишчев. „Одлуката е донесена многу одамна. Не беше…

Read More

Полската фудбалска репрезентација нема да патува во Русија на бараж дуелот за пласман на Светското првенство во Катар. Мечот треба да се одигра на 24 март а полјаците најавија дека поради ситуацијата во Русија и Украина немаат намера да го одиграат мечот на споменатата локација. „Поради моменталната ситуација нашите спортисти не би требало да одат во Русија“, соопштија од министерството за спорт на Полска.

Read More

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез, по нерешените 1:1 со Манчестер Јунајтед во првото осмина–финале од Лигата на фудбалските шампиони, вели дека резултатот не е реален на прикажаното на теренот. „Мислам дека требаше да победиме. Добро се браневме, имавме напади, создававме ситуации, двапати ја погодивме пречката, но, Манчестер Јунајтед е многу добар тим и погоди од контра-напад откако ја загубивме топката“ – вели Хименез. Реваншот меѓу шпанскиот тим и „црвените ѓаволи“ ќе биде одигран во Англија на „Олд Трафорд“ на 15 март.

Read More