Американскиот Формула 1 тим Хаас, објави, дека неговиот возач Мик Шумахер нема да може да учествува во вечерниот дел од третиот ден од зимските тестирања во Барселона на патеката Каталуња.
Никита Мазепин успеа да извози само девет круга претпладнето поради технички проблеми а механичарите на американскиот тим дојдоа до заклучок дека нема да имаат време да го поправат болидот пред крајот на трките.
„Иако се надевавме дека болидот ќе може да се врати на патеката попладнево, работата за поправка ќе потрае уште неколку часа, така што, за жал, нема да се вратиме на патеката денеска“ – стои во соопштението објавено на социјалните мрежи.