Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Евертон, Франк Лампард, верува дека Дони Ван де Бек кој се повреди на мечот со Манчестер Сити нема да паузира подолг период. Играчот од средниот ред почувствува болка во 71. минута и беше принудно заменет. „Не можам да кажам со сигурност, но, мислам дека станува збор само за грч.  Дони ми кажа дека болката не е толку силна“ – потенцираше Лампард. „Тој долго време не играше редовно и сосема е нормално да му се случуваат такви работи кога е почесто на теренот. Се надеваме дека не е ништо сериозно“ – вели тренерот на „карамелите“.

Read More

Фудбалерот, Мемфис Депај, во летниот трансфер период веројатно ќе го напушти составот на Барселона. За неговите услуги од претходно се заинтересирани: Јувентус, Наполи, ПСЖ и според денешните пишувања во медиумите, неговиот поранешен клуб ПСВ Ајнтховен. Наводно, холандскиот состав сака да го врати 28-годишниот напаѓач кој ги бранеше боите на клубот од 2011 до 2015 година. Депај кој има 24 настапи и 9 голови во сите натпреварувања за Барса,  по доаѓањето на Чави го загуби стартното место на „Камп Ноу” и веројатно ќе побара трансфер.

Read More

Англиските фудбалски состави Брајтон и Вест Хем, може да влезат во битка за потписот на напаѓачот на Фламенго, Габриел Барбоса. Според медиумите , двата клуба се насочија кон 25-годишниот Бразилец. Габигол имаше исклучителна сезона за Фламенго. На 42 натпревари постигна 29 гола. 25-годишниот Бразилец продолжи со добрите игри и во новото првенство откако на 5 мечеви постигна 4 голови. Според проценките, негиовата трансферна вредност е околу 25-30 милиони евра.

Read More

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија на ВБА , ВБО, ИБФ и ИБО, Украинецот, Александар Усик, на Инстаграм профилот објави видео во кое зборува за руската инвазија на Украина. Браќата Кличко останаа во Киев да го бранат од Русите. Усик можеше да остане во Англија, но избра да се врати во татковината и да ја брани. Еве што им испрати Усик на сонародниците: „Почитувани луѓе на Украина, сакам да ви се обратам. Вие сте најмоќните луѓе на светот. Многу сум горд што сум Украинец. Вие сте сила“ – рече боксерот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, ја искоментира ситуација со рускиот милионер, Роман Абрамович, кој по целата ситуација на релација Русија-Украина, се повлече од англсикиот состав. „Мислам дека ништо нема да се менува на дневна основа. Јас така го разбирам тоа. Во близок контакт сум со Марина Грановскаја и Петр Чех кои го водат првиот тим“ -порача Тухел. „Сините“ доцна синоќа го загубија финалето на Лига Купот на Англија откако на легендарниот – „Вембли“ беа совладани од Ливерпул по изведувањето на пенали.

Read More

Европската ракометна федерација сосема очекувано го одложи мечот меѓу Мешков Брест и Вардар во Лигата на шампионите кој беше закажан за 2 март во Белорусија. Бидејќи на тој дел на светот има воена ситуација меѓу Русија и Украина а во соседните земји е на сила вонредна состојба, ЕХФ направи очекуван потег и го извести нашиот шампион дека средбата е одложена. ЕХФ најави дека во наредниот период ќе донесе  одлука дали мечот ќе биде одигран во друг термин и на друга локација.

Read More

Македонската машка кошаркарска репрезентација до претрпе и четвртиот пораз во квалификациската група за пласман на Светското првенство во 2023 година. Денеска загубивме од Грузија на домашен терен со 79 спрема 65 иако во голем дел од мечот имавме резултатски приклучок. Ненад Димитријевиќ застана на 25 поени, Војдан Стојановски постигна 13 додека Бојан Крстевски имаше 11. Кај гостите се издвои Мекфаден со 24 кошеви.

Read More

Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) објави дека 44. шаховската Олимпијада нема да се одржи во Москва како последица на руската инвазија врз Украина. – На вонредниот состанок донесовме одлука сите планирани натпреварувања да ги дислоцираме од Русија. Брзото влошување на геополитичката ситуација го принуди Советот да донесе тешка одлука, се наведува во соопштението на ФИДЕ. Тоа значи дека покрај Олимпијата нема да се реализира и годишниот конгрес на  Светската шаховска федерација.

Read More

Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини, по вчерашното реми на „Сан Сиро“ со Удинезе, вели дека гостите изедначиле од некоректна ситуација бидејќи стрелецот на голот, Удоџи, играл со рака. „ВАР е тука за да не се сомневаме. Тоа не е начин на кој треба да се користи а не е ниту прв пат. Јасно е дека имаше игра со рака. Милан е на врвот на табелата и не може постојано да му судат дебитанти кои прават грешки“ – вели Малдини. „Росонерите“ се лидери на табелата со два бода повеќе од Интер кој има натпревар помалку.

Read More

Спортистите од Русија и Белорусија нема да можат да настапуват на меѓународните настани под знамето на државата и нема нема да им биде интонирана химната. Таа одлука на ИОК доаѓа како санкција за нападот на Русија врз Украина и истата ќе биде валидна додека трае воениот конфликт. „Извршниот одбор ги повикува сите меѓународни спортски федерации да ги преместат или откажат спортските настапи во Русија и Белорусија. Покрај тоа повикуваме на меѓународните натпревари да не се истакнуваат националните знамиња и да не се интонира химната на Русија и на Белорусија“ – стои во дел од соопштението на ИОК.

Read More