Европската ракометна федерација сосема очекувано го одложи мечот меѓу Мешков Брест и Вардар во Лигата на шампионите кој беше закажан за 2 март во Белорусија.
Бидејќи на тој дел на светот има воена ситуација меѓу Русија и Украина а во соседните земји е на сила вонредна состојба, ЕХФ направи очекуван потег и го извести нашиот шампион дека средбата е одложена.
ЕХФ најави дека во наредниот период ќе донесе одлука дали мечот ќе биде одигран во друг термин и на друга локација.