Светскиот боксерски шампион во тешка категорија на ВБА , ВБО, ИБФ и ИБО, Украинецот, Александар Усик, на Инстаграм профилот објави видео во кое зборува за руската инвазија на Украина.
Браќата Кличко останаа во Киев да го бранат од Русите. Усик можеше да остане во Англија, но избра да се врати во татковината и да ја брани. Еве што им испрати Усик на сонародниците:
„Почитувани луѓе на Украина, сакам да ви се обратам. Вие сте најмоќните луѓе на светот. Многу сум горд што сум Украинец. Вие сте сила“ – рече боксерот.