Спортистите од Русија и Белорусија нема да можат да настапуват на меѓународните настани под знамето на државата и нема нема да им биде интонирана химната.
Таа одлука на ИОК доаѓа како санкција за нападот на Русија врз Украина и истата ќе биде валидна додека трае воениот конфликт.
„Извршниот одбор ги повикува сите меѓународни спортски федерации да ги преместат или откажат спортските настапи во Русија и Белорусија. Покрај тоа повикуваме на меѓународните натпревари да не се истакнуваат националните знамиња и да не се интонира химната на Русија и на Белорусија“ – стои во дел од соопштението на ИОК.