Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, се обиде да ја објасни ситуацијата со напаѓачот, Ромелу Лукаку, кој полека ја губи довербата кај навивачите. „Мислам дека е уморен и малку нервозен од патувањата. Ромелу има проблеми со интензивната тимска работа, не само физички туку и психички“- вели Тухел. Медиумите започнаа со шпекулации дека црномурестиот играч сака да се врати во редовите на Интер.
Author: dino
Фудбалерите на Тотенхем вчера загубија изненадувачки кај аутсјадерот Барнли во Премиер лигата а нивниот тренер, Антонио Конте, најави дека ќе побара средба со челниците на тимот. „Ќе мора да разговарам со раководството. Тренерите се менуваат, фудбалерите се исти и на крај – резултатите не се менуваат“ – вели Конте. Популарните „спарси“ во последните пет средби претрпеа дури четири порази.
По одлуката на Владимир Путин да ја признае независноста на самопрогласената Народна Република Луганск и да испрати руски војници во Украина, најверојатно трката за Големата награда на Русија во Формула 1 ќе биде избришана од календарот за 2022. Медиумите велат дека Турција може да биде замена за Русија и дека „Истанбул парк“ ќе биде принудно вметнат во распоредот на првенството. Со оглед дека кризата во руско-украинските односи ескалира, набрзо се очекува и ФИА да излезе со соопштение.
На вчерашниот меч во Лигата на шампионите меѓу Бенфика и Ајакс кој заврши 2:2, фудбалерот на холанѓаните, Себастијан Халер, влезе во историјата. Тој погоди за предност на неговиот тим од 2:1 и стана петтиот фудбалер кој постигнал повеќе од седум голови во серија во елитната конкуренција на Европа. Воедно напаѓачот на „копјаниците“ е првиот што постигнал најмалку 11 гола во дебитантската сезона во елитното европско клупско натпреварување.
Ракометарите на Вардар остварија значајна победа против ППД Загреб со 20-19 во рамките на 12 коло во Групата „А“ во Лигата на шампионите. Во СЦ Јане Сандански во главно изедначен меч, домаќините успеаја во самата завршница да одбранат гол предност. Кај „црвено-црните“, Оливие Њокас и Филип Талески постигнаа по четири голови додека во хрватскиот тим се издвоија Чупиќ и Лејметер со по три погодоци. Вардар до крајот на мечевите со Мешко Брест на гостински терен и Елверум дома, сам ќе ја крои судбината за фазата на елиминации.
Францускиот фудбалер во редовите на Милан, Оливие Жиру, изјави дека е премногу рано да се зборува за успешна сезона и да се прави еуфорија иако Росонерите се претставија добро во Серија „А“. Тие се на првото место со 2 бода предност пред Наполи и Интер. „Треба да се бориме до крај, се уште ништо не сме освоиле. Милан отсекогаш бил еден од најголемите клубови во светот“ – изјави Жиру. Напаѓачот на „росонерите“ од почетокот на сезоната има постигнато 10 гола на 24 натпревари.
Фудбалскиот состав Милан во текот на летото ќе се обиде да ги купи Холанѓанецот, Свен Ботман и неговиот португалски соиграч во Лил, Ренато Санчез. Што се однесува до нападот, техничкиот директор Паоло Малдини и фудбалскиот директор, Фредерик Масара, го гледаат 19-годишниот Французин, Хуго Екитике, кој игра за Ремс а договорот му истекува во 2024 година. Екитике има 9 гола на 21 натпревар во Лига 1 од почетокот на сезоната. Трансферна цел на Милан ќе биде и 24-годишниот член на Тотенхем, Стивен Бергвајн кој има 12 натпревари и 2 гола во Премиер лигата.
Фудбалскиот состав Вардар опотврди преку социјалните мрежи дека Бобан Грнчаров се врати во редовите на „црвено-црните“ и ќе биде дел од стручниот штаб. – Поранешниот капитен на нашиот клуб, Бобан Грнчаров е нов член на стручниот штаб на ФК Вардар. Грнчаров како фудбалер на Вардар има преку 100 настапи за првиот тим, а беше член и на генерацијата која што за првпат настапи во групната фаза на Лигата на Европа“ – соопштија од Вардар. Грнчаров во богатата кариера настапуваше за : ОФК Београд, Металург Доњецк, Стал, Гент, Макаби Петах Тиква, Апоел, Лирс, Ботев и Таврија.
Поранешниот француски фудбалер, Алан Жирес, ќе ја води селекцијата на Косово. Тој пред да влезе во тренерските води беше активен само во Бордо и Олимпик Марсеј од 1970 до 1988 година. Жирес кој одигра преку 600 меча и постигна преку 160 голови, беше дел и од златната француска генерација која во 1984 година стигна до златото на Европското првенство. Од 2004 година работи само како селектор. Досега ги водеше селекциите на: Грузија , Габон, Мали, Сенегал и Тунис.
Бразилскиот фудбалер, Нејмар, откри дека сакал да се врати во Браселона пред Лео Меси да ги напушти Каталонците и да му се приклучи во редовите на ПСЖ. Познато е дека Французите платија рекордни 222 милиони евра во 2017 да го откупат договорот на брзоногиот играч. „Се обидов да се вратам во Барса. Тоа сепак беше невозможно. Сега сум среќен што Лео дојде бидејќи тој ми е пријател и добро се согласуваме“ – вели Бразилецот кој во сезонава има само 16 настапи. Тој постигна 4 голови и направи 4 асистенции.
