По одлуката на Владимир Путин да ја признае независноста на самопрогласената Народна Република Луганск и да испрати руски војници во Украина, најверојатно трката за Големата награда на Русија во Формула 1 ќе биде избришана од календарот за 2022.
Медиумите велат дека Турција може да биде замена за Русија и дека „Истанбул парк“ ќе биде принудно вметнат во распоредот на првенството.
Со оглед дека кризата во руско-украинските односи ескалира, набрзо се очекува и ФИА да излезе со соопштение.