Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека напаѓачот, Душан Влаховиќ, не смее да биде под притисок бидејќи не постигна гол на градското дерби со Торино. „Натпреварот со Торино беше тежок. Во текот на сезоната има натпревари кога не можете да реализирате шанси. Утре Влаховиќ ќе дебитира во Лигата на шампионите и не можеме да ставиме притисок врз него“ – вели Алегри. Српскиот напаѓач ќе дебитира во дресот на „старата дама“ во елитата на Европа. Италијанците за противник ќе го имаат шпанскиот тим Вилјареал.
Author: dino
Фудбалерот на Челзи, Мејсон Маунт, веројатно ќе се појави на неделното финале со Ливерпул во Лига Купот на Англија откако полека ја санирал повредата. Натпреварот на стадионот –„Вембли“ е закажан за 27 февруари. Англискиот репрезентативец заработи повреда на скочниот зглоб во првото полувреме од финалето на Светското клупско првенство против Палмеирас. Тој иако денеска учествуваше на тренингот на Челзи, сигурно ќе го пропушти утрешниот прв меч со Лил во 1/ 8 финалето во Лигата на шампионите.
Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, изјави дека ќе направи се што е можно за да го заштити напаѓачот, Ромелу Лукаку, кој има слаби партии во континуитет и добива критики од сите страни. „Мора да се справиме со ситуацијата. Статистиката покажува одредени работи. Сега тој е во центарот на вниманието и ние ќе го заштитиме“ – вели Тухел. „Џејмс и Чилвел беа повредени кога беа во врвна форма. Нивната игра е многу значајна за Лукаку поради неговата брзина и прецизност“ – вели тренерот на „сините“.
Милан не успеа да слави на вчерашното гостување кај Салернитана иако ја имаше улогата на голем фаворит. Мечот заврши 2:2 а тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, вели дека неговиот тим одиграл лошо. „Скапо ги плативме грешките откако во почетокот на вториот дел пропуштивме 2-3 убави шанси Јасно е дека сме разочарани бидејќи сакавме да победиме“ – изјави Пиоли. Неговиот тим станува на челната позиција во Серија „А“ со 56 бодови.
Фудбалерите на Тотенхем вчера го совладаа Манчестер Сити на негов терен со 3:2 во дербито на Премиер лигата а нивниот тренер, Антонио Конте, не штедеше пофални зборови за неговите избраници. „Искрено, оваа група играчи е меѓу најдобрите со кои сум работел во мојата кариера. Тимот е претежно составен од млади играчи кои треба да напредуваат и да создадат искуство“ – изјави италијанскиот тренер. Спарси со новите бодови остануваат во трката за излез во Европа за наредната сезона.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по вчерашната победа на домашен терен против Депортиво Алавеш, вели дека неговиот тим ќе мора да биде константен во настапите и да покажува подобри партии. Домашната публика на „Сантијаго Бернабе“ во еден период упатуваше свирежи кон играчите на Реал бидејќи не беше задоволна од прикажното. Токму тоа го искоментира и тренерот на „кралевите“. „Публиката не беше задоволна од тоа што го виде во првото полувреме и свирежите не се новост. Навивачите го искажаа тоа што го чувствуваа“ – вели тренерот на Реал Мадрид.
Селекцијата на Австрија го освои златниот медал во мешани тимови во алпско скијање. За победничкиот состав во финалето настапија: Катарина Трупе, Стефан Бренстајнер, Катарина Линзербегер и Јоханес Штролц. За Германија во финалето скијаа Лена Дуер, Јулијан Рауфус, Ема Ајхер и Александер Шмит. Во дуелот за третото место Норвешка беше подобра од САД. Легендарната норвешка нордијка, Тереза Јохауг, го освои третиот златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг откако беше најдобра на трката на 30 километри со масовен старт. Таа беше најдобра и на трките на 15 километри скијатлон и на 10 километри класичен стил. Второто место денеска и припадна…
Со индивидуалните натпреварувања доцна синоќа во Кливленд стартуваше Олстар-викендот организиран од НБА. Оби Топин од Њујорк никс победи во забивање. Тој во финалето го победи Хуан Тоскано-Андерсон од Голден Стејт. Изненадување направи Таунс кој имаше дури 29 успешни обиди во финалето за три поени што претставува најдобар резултат во историјата. Главниот меч на „ѕвездите“ меѓу тимовите предводени од Леброн Џејмс и Кевин Дурант ќе биде одигран доцна вечер во 02.00 часот.
Фудбалерот на Милан, Алесандро Флоренци, кој настапува како позајмен од неговиот матичен клуб – Рома, сака да потпише перманентен договор со „росонерите“, објавија денеска дел од медиумите во Италија. Според наведеното, Милан ќе може да го купи десниот бек во април или мај за околу 4,5 милиони евра. 30-годишниот фудбалер во тековнава сезона е еден од најстандардните во составот на Стефано Пиоли.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ги демантираше наводите во медиумите дека има поделеност во тимот бидејќи Кристијано Роналдо сака да биде лидер во соблекувалната. „Дали само се обидувате да смислите нешто? Престанете да барате поделба, ве молам“, напиша Рашфорд на Твитер профилот. „Црвените ѓаволи“ се на четвртото место во Премиер лигата со 43 бода. Тие в недела ќе гостуваат кај Лидс.
