Центарот на Кливленд, Џерет Ален, ќе биде замена за повредениот Џејмс Харден на „Ол-старот“ дуелот во кошаркарската НБА конкуренција. Тој досега одигра 49 натпревари и направи просек од 16,2 поени, 11,1 скока и 1,8 асистенции. Ален ќе биде дел од тимот на Леброн Џејмс. Мечот на ѕвездите ќе биде одигран наредниот викенд во Кливленд.
Author: dino
Швајцарката, Корин Сутер, го освои златниот медал во спуст на ЗОИ во Пекинг. Таа на патеката во Јанкинг центарот оствари време од 1:31.87 минута. Среброто и припадна на Софија Гоџа од Италија која доцнеше 16 стоти делови од секундата додека бронзениот медал сензационално заврши на градите на Наџа Делаго од Италија. Претставникот на домаќините, Имин Су, триумфираше во машки сноуборд на Олимпијадата во Пекинг. За 17-годишниот Су тоа е втора награда на Игрите откако на 7 февруари заврши втор во слоупстајл. Монс Росланд (Норвешка) денеска го освои среброто додека бонзата му припадна на Макс Паро (Канада). Австриската сноубордерка Ана Гасер…
Со мечевите ПСЖ-Реал Мадрид и Спортинг Лисабон-Манчестер Сити денеска започнува првиот елиминациски филтер во Лигата на шампионите. Двете средби ќе започнат во 21.00 часот. На „Паркот на принцовите“, францускиот тим ќе ги пречека „кралевите“. Веројатни состави: ПСЖ: Донарума, Хакими, Маркињос, Кимпембе, Мендеш, Верати, Гај, Вајналдум, Меси, Мбапе, Ди Марија. РЕАЛ: Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Менди, Крос, Касемиро, Модриќ, Асенсио, Бензема, Винисиус. Судија: Даниеле Орсато (Италија). На стадионот -„Хозе Алваладе“ екипата на Спортинг ќе им биде домаќин на „граѓаните“. Веројатни состави: СПОРТИНГ: Адан, Инасио, Коутс, Федор, Поро, Нуњез, Палина, Реис, Сарабија, Паулињо, Гонсалвеш. МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Кансело, Дијаз, Лапорте, Зиченко, Б.…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш и Немања Обрадовиќ, нема да патуваат на мечот со Ним бидејќи се позитивни на ковид-19. Тие немаат никакви симптоми, но, според протоколите мораат да бидат во изолација. Тренерот Бабиќ на гостувањето во Франција ќе биде и без болниот, Јосип Периќ како Црногорецот, Мирко Радовиќ, кој ја лекува повредата. Пред утрешниот меч, екипата на Ним е лидер на табелата со 9 бодови пред Еурофарм Пелистер со 8 и Спортинг со 7 бодови.
Шефот на прес-службата на Фиорентина, Лука Ди Франческо, ја коментираше болеста на фудбалерот, Александар Кокорин . Вчера се дозна дека Русинот поради лоша здравствена состојба ќе го пропушти натпреварот со Специја од 25. коло на Серија А. „Малку е веројатно дека има нешто сериозно. Но, треба да почекате до утре – по натпреварот со Специја ќе бидат извршени тестови“ – вели Ди Франческо. 30-годишниот напаѓач стана играч на Фиорентина во јануари 2021 година преминувајќи од Спартак Москва за 4,5 милиони евра. Договорот му истекува во 2024 година.
Формула 1 тимот на Мерцедес објави на Инстаграм дека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ќе учествува во новата сезона. „Се врати 44-та“, потпишана е фотографијата на Британецот која е псотирана на социјалната мрежа. Претходно беше објавено дека Хамилтон сериозно размислува за напуштање на кралските трки а неговата иднина може да зависи од тоа дали директорот на ФИА, Мајкл Маси, кој донесе контроверзна одлука на патеката Абу ќе остане на функцијата. Првите претсезонски тестови ќе се одржат од 23 до 25 февруари во Барселона (Шпанија).
Спортскиот консултант на Ред Бул, Хелмут Марко , зборуваше за ситуацијата околу директорот Мајкл Маси, кој беше критикуван за контроверзните одлуки за време на ГН на Абу Даби кои влијаеа на резултатите од целата сезона. „Главната цел на истрагата е да се разјасни дека Маси беше едноставно презаситен во таа ситуација и дека тимските шефови не можат да продолжат да се мешаат во радио контролата на трката“ – вели Марко. „Не можете да направите жртвено јагне од Мајкл. Сакаше да најде спортско решение. Како што е често случај со безбедносно возило еден возач “ – изјави Марко.
Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, не сака да го продолжи договорот со „сините“ додека не добие поголема плата. „Се чувствувам одлично во Челзи, отсекогаш сум го велел тоа. Мислам дека тоа се гледа и во мојата игра. Одлуката за продолжување на соработката не зависи само од мене“ – вели фудбалерот кој досега ги одби сите понуди од раководството на клубот. Рудигер се пресели во Англија во 2017 година кога ја напушти Рома. 28-годишниот фудбалер во сезонава одигра 23 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола.
Манчестер Сити утре ќе се појави на теренот на Спортинг во првиот меч од 1/8-финалето на Лигата на фудбалските шампиони. Мечот ќе се одигра во Лисабон на стадионот – „ Хозе Алваладе“. Англискиот тим ќе биде без Џек Грелиш , Габриел Жесус и Кол Палмер . Тоа на прес-конференција го соопшти главниот тренер на „граѓаните“, Пеп Гвардиола. Грилиш има повреда на потколеницата, Палмер има повреда на стапалото. Жесус заработи повреда на мускулот на крајот на јануари кога настапуваше за бразилската репрезентација. Реваншот меѓу Сити и португалскиот состав ќе биде одигран на 9 март во Манчестер.
Бразилскиот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Маркињос, проговори за можното заминување на напаѓачот Килијан Мбапе. „Се обидуваме Килијан да се чувствува што е можно поудобно. И покрај целата ситуација, тој се чувствува добро. Мбапе е среќен што е во Пари Сен Жермен. Подоцна, тој ќе мора да направи сам избор за неговата иднина“ – вели Маркињос. Мбапе се пресели во ПСЖ од Монако во 2017 година. 23-годишниот фудбалер во сезонава забележа 22 настапа во Лига 1, постигнувајќи 12 гола и 9 асистенции. Претходно се појавија непотврдени информации дека брзоногиот напаѓач од наредното лето ќе го облече дресот на Реал Мадрид.…
