Author: dino

Возачот во Формула 1, Ландо Норис, го продолжи договорот  со Мекларен  до крајот на 2025 година. Младиот Британец  кој дебитираше во 2019 -та се покажа како еден од големите таленти во новата ера. Тој за три години се искачи дури пет пати на подиумот а во 2020 година  заедно со Карлос Саинц го однесоа Мекларен на третото место кај конструкторите. „Среќен сум. Да останам во Формула 1 уште четири години е прилично неверојатно“ – изјави Норис пред стартот на новата сезона.

Read More

Првите луѓе на Манчестер Јунајтед планираат да испратат понуда до фудбалерот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи. „Црвените ѓаволи“ во текот на летото сакаат да ја засилат дефанзивата со 26-годишниот Швајцарец кој изјави дека нема намера да остане во редовите на „милионерите“. Аканџи за германскиот состав игра 5 сезони откако беше привлечен од Базел во 2017 година. Тој има 148 натпревари и 3 гола. Неговата трансферна цена е околу 30 милиони евра.

Read More

Тони Крос кој има договор со Реал Мадрид до летото во 2023 година ќе добие понуда да го продолжи за уште 12 месеци, објавија дел од медиумите во Шпанија. Германскиот фудбалер кој се активираше на „Сантијаго Бернабе“ во 2014 година, има одиграно 346 натпревари и постигнато 25 голови. Раководството на „кралевите“  сака да ја продолжи соработката со одличниот играч од средниот ред. Идентична е состојбата и со Хрватот, Лука Модриќ, кој треба да реши дали ќе остане уште една сезона во клубот.

Read More

Скијачот од Австрија, Јоханес Штролц, победи во комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Тој со освојувањето на златниот медал успеа да го повтори успехот на неговиот татко Хуберт кој во 1988 година во Калгари во истатата дисциплина успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот. Норвежанецот Андре Омот-Килде оствари втор резултат додека бронзата заврши на градите на Канаѓанецот, Џејмс Крофорд.

Read More

Трикратниот светски шампион, Нејтан Чен (САД), ја освои машката олимписка титула на турнирот во уметничко лизгање во Пекинг. 22-годишниот олимпиец  кој беше лидер по кратката програма, изведе пет скокови во бранот на музиката „Ракетмен“ на Елтон Џон и доби оценка од 218,63 поени. Тој од двете комбинации собра 332,60 и ја освои првата олимписка титула во кариерата. Чен има сребрен и бронзен медал на Игрите во Пекинг 2022 и Пјонгчанг 2018. Сребрениот медал го освои 18-годишниот Јапонец,  Јума Кагијама а бронзата неговиот сонародник, Шома Уно.

Read More

Во последните 24 часа се откриени девет нови случаи на КОВИД-19 објавија организаторите на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022. Меѓу заразените има седум спортисти или членови на тимовите. Тие беа откриени откако се направени околу 71.000 тестови за корона-вирус. Сега вкупниот број на позитивни тестови изнесува 407. Зимските игри се одржуваат според строги протоколи. Секој олимпиец во „балонот“ мора секој ден да прави „PCR“ тест.

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојовски, денеска на прес-конференција во Владата, ја најави мерката Ваучер во спортот за 2022 кој им овозможува на спортистите, клубовите итн, да искористат средства од даночните обврзници во земјава. „Во време на глобална здравствена криза, бележиме раст на реализацијата на мерката до фантастични 95проценти. Со оваа мерка се поддржани 174 спортисти, 46 федерации и 664 спортски клубови што значи дека 885 спортски субјекти и индивидуални спортисти ги почувствувале бенефитите од мерката ваучер-систем“ – потенцираше Мојовски. „Со ваучер системот  се реализираа нешто повеќе од 574 милиони денари од кои 390,3 милиони денари се од…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се опиша себеси како „решение“ во врската со Пјер-Емерик Обамејанг откако напаѓачот од Габон рече дека го напуштил англискиот клуб бидејќи имал проблем со шпанскиот тренер. Обамејанг со заедничка согласност го раскина договорот со Арсенал и се пресели во Барселона, со што стави крај на шпекулациите дека Артета во декември му ја одзеде капитенската лента поради „дисциплински проблеми“. „Мислам дека се заврши на најдобар начин за сите. Сите носиме одлуки и најдоброто нешто беше да продолжиме понатаму“ – вели тренерот на „топчиите“.

Read More

Голема е веројатноста дека фудбалерот на Вест Хем, Курт Зума, нема да биде под истрага од британските власти за злоупотреба на неговата мачка но, тоа не значи дека ќе се извлече без казна. Според законите на Франција секој нејзин државјанин може да биде обвинет за кривични дела дури и ако се извршени во странство.Токму на овој член 131 (ст. 6) од Кривичниот законик се повикува и најголемата групација за заштита на правата на животните во Франција – „Фондацијата 30 милиони пријатели“. Нејзините адвокатите побараа од обвинителите од Париз да поднесат пријава против Зума. По снимката на социјалните мрежи, се очекува…

Read More

18-годишниот фудбалер на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусиала, е позитивен на корона-вирус, соопшти германскиот состав. Според информацијата, тој  се чувствува добро во изолација во неговиот дом. Во моментов, германскиот репрезентативец е единствениот заразен кај Баварците. Во последниот натпревар на Баерн – против РБ Лајпциг, Мусиала настапи како резерва. Тимот од Минхен за точно една недела,  ќе го продолжи учеството во Лигата на шампионите со гостувањето кај Ред Бул (Салцбург) во првиот меч од 1/8 финалето.

Read More