Возачот во Формула 1, Ландо Норис, го продолжи договорот со Мекларен до крајот на 2025 година. Младиот Британец кој дебитираше во 2019 -та се покажа како еден од големите таленти во новата ера.
Тој за три години се искачи дури пет пати на подиумот а во 2020 година заедно со Карлос Саинц го однесоа Мекларен на третото место кај конструкторите.
„Среќен сум. Да останам во Формула 1 уште четири години е прилично неверојатно“ – изјави Норис пред стартот на новата сезона.