Фудбалерите на Челзи утре ги чека мечот со Плимут во ФА Купот а веднаш потоа ќе заминат за Абу Даби на светското клупско првенство. Менаџерот, Томас Тухел, вели дека паузата била апсолутно неопходна. „Многу натпревари одигравме а немавме шанса за одмор. Сега се чувствуваме добро подготвени“ – вели Тухел. „Плимут нема што да загуби. Мора да бидеме подготвени на се. Ни претстои тешка недела, бидејќи ќе треба да играме полуфинале а можеби и финале на Светското клупско првенство“ – потенцираше Тухел.
Author: dino
Македонскиот олимписки комитет потврди дека Ана Цветановска поради ситуацијата со Ковид-19 нема да настапи во дисциплината скијатлон во нордиско трчање на Игрите во Пекинг. „Заради моменталната ситуација со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на утрешната трка (жени) на 7,5+7,5 км – Скијатлон, ФИС донесе одлука дека само лимитиран број на спортисти ќе може да настапат на утрешната трка. За жал, заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните, , Ана Цветановска нема да може да настапи“ – соопштија од МОК. Ставре Јада на 8 февруари ќе има активности во крос-кантри и спринт слободно 1.5 километар додека на…
Фудбалерот, Пол Погба, по подолг период се врати во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед. Французинот откако ја санираше повредата која го одалечи од тревнатите терени гедано некаде од финишот на 2021 година, сега за прв пат ќе има можност да работи со новиот тренер, Ралф Рангник. „Црвените ѓаволи“ кои по неколку денови одмор се вратија на редовните активности, в сабота ги очекува мечот со Мидлсборо во рамките од ФА Купот
Судијата, Кевин Френд, кој со неговите контрадиктори одлуки на натпреварот Кристал Палас-Ливерпул донесе многу негативни реакции во јавноста, нема да биде делегиран за наредното коло во Премиер-лигата. Тој во периодот кога се решаваше победникот досуди непостоечки пенал за „црвените“ и тоа по консултација со „ВАР“ собата. Ливерпул на крајот ја однесе победата со 3 спрема 1 а луѓето од Кристал Палас жестоко реагираа на судењето.
Лука Модриќ ќе се согласи да го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сезона, објавија медиумите во Шпанија. Познато е дека „кралевите“ не практикуваат долгогодишни договори со фудбалерите на негова возраст и затоа ќе ја искористат единствената опција. Според Марка, 36-годишниот хрватскиот играч за врска ја прифаќа политиката на клубот и ќе потпише до летото 2023 година. Модриќ во сезонава одигра 24 натпревари и постигна 2 гола.
Спортскиот директор на фудбалскио состав Ајакс, Марк Овермарс, се осврна на неуспешниот трансфер на Николас Таљиафико во редовите на Каталонците. „Барселона сакаше да го има играчот на позајмица а ние моравме да пронајдеме негова замена. Тој е фантастичен играч, но, едноставно работите од самиот почеток не функционираа“ – потенцира Овермарс. Ќе потсетиме дека шпанскиот состав во текот на зимава ги обезбеди потписите на Адама Траоре и Пјер Емерик Обамејанг.
Горан Пандев кој вчера го одработи првиот тренинг во екипата на Парма, ги искористи социјалните мрежи да се прости од фановите на Џенова. „Чувствував дека е време да заминам, никој не ме присили да го сторам тоа. Би сакал да се вратам и да ве поздравам како што треба, на „Мараси“, уште еднаш, да ја слушнам публиката за последен пат. Ви благодарам за емоциите кои ми ги дадовте. Засекогаш Џенова!, -напиша Пандев на социјалните мрежи. Тој во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 27.
Новото засилување на Тотенхем, Дејан Кулушевски, призна дека менаџерот Антонио Конте е една од причините поради која се преселил во лондонскиот клуб. Крилниот напаѓач зборуваше и за искуството во италијанскиот фудбал во дресот на Аталанта, Парма и Јувентус. „Среќен сум што сум тука. Значајно е да се забавувате кога играте. Се преселив во Аталанта кога имав само 15 години. Беше забавно и тешко. Сепак, искуството беше фантастично и се сеќавам на се од тој период. Поминав една година во Парма, ми требаа само неколку дена да се чувствувам удобно“ – вели новиот играч на англискиот состав.
Франк Лампард кој од вчера го презеде кормилото на фудбалскиот состав Евертон има намера да го ангажира во стручниот штаб неговиот поранешен соиграч од Челзи, Ешли Кол, најавија медиумите во Англија. Легендарниот лев бек моментално работи во Академијата на „сините“ и паралелно како тренер на младата селекција на Англија. Кол доколку ја прифати понудата ќе им се придружи на: Џо Едвардс, Пол Клемент, Крис Џонс, Данкан Фергусон и тренерот на голманите Алан Кели.
Извршниот директор на Мекларен, Зaк Браун, изјави дека ѕвездата на британскиот тим во Индикар, Пато О’Вард, ќе има големи шанси да се пресели во Формула 1 доколку ја освои титулата во американската серија. „Токму тоа му го кажав, најбрзиот начин да се дојде до Формула 1 е да се повтори успехот на Хуан Пабло Монтоја, Жак Вилнев, Алекс Занарди и Михаел Андрети кои ја освоија титулата во Идникар“ – вели Браун. Во 2021 година, младиот Мексиканец му ја донесе првата победа на Мекларен по враќањето на тимот во Индикар.
