Ракометарите на Еурофарм Пелистер победнички ја започнаа новата сезона во СЕХА лигата. Тие денеска славеа на гостувањето кај Партизан во Белград со 25 спрема 23. Тренерот на Битолчани, Жењко Бабиќ, им се заблагодари на фановите кои отпатуваа во Србија да ги бодрат неговите избраници. „Убаво е да се игра во Белград, посебно во ваков амбиент. Секоја чест за нашите навивачи кои дојдоа и ни направија да се чувствуваме како дома. Тоа не е мала работа. Што се однесува до натпреварот, кога противникот се доближи и изедначи, ние ја покажавме нашата зрелост и заслужено победивме“ – изјави Бабиќ. Во редовите на…
Author: dino
Тенисерот, Новак Ѓоковиќ, се доближува до рекордот на Штефи Граф, која цели 377 недели го имаше првото место на ВТА листата. Србинот кој не можеше да ја брани титулата на првиот сезонски Грен Слем во Австралија, цели 359 недели фигурира на првото место на АТП листата. Ѓоковиќ сега има 10.875 бодови, Медведев 9,365 додека Германецот, Александар Зверев е трет со 7.865 бодови. Во Топ 10 влегуваат и : Циципас, Надал, Беретини, Рублјев, Руд, Агер и Синер.
Фудбалерот, Никлас Зуле, ќе ја продолжи кариерата во Дортмунд откако германскиот репрезентативец ги одби понудите за нов договор со Баерн и ја прифати понудата за четиригодишна соработка со „милионерите“. Одличниот дефанзивец реши на крајот од договорот да си замине како слободен играч од „Алијанц Арена“. Деновиве се шпекулираше дека корпулентниот играч добил понуда и од англискиот Њукасл.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, вели дека екипата го има потребниот квалитет за големи резултати и дека нема потреба да се прави ремонт во текот на летото. „Мислам дека на тимот не му требаат поголеми корекции. Генерално, развојот на тимот и нашите перформанси се подобрија во последниве неколку недели“ – вели Рангник. „Џеси Лингард и Единсон Кавани се на располагање и ќе бидат во групата за утрешниот натпревар. Двајцата се врвни професионалци“ – потенцираше Рангник пред утрешниот меч кај Барнли во рамките на Премиер-лигата.
Брендот за спортска опрема – „Најк“ се откажа од спонзорство на фудбалерот на Манчестер Јунаутед, Мејсон Гринвуд. Напаѓачот на англискиот состав е уапсен под сомнение за сексуален напад и смртни закани. Гринвуд (20) беше ослободен со кауција минатата недела и засега е под истрага. Раководството на „црвените ѓаволи“ веднаш го суспендираше играчот додека трае целиот процес. Гринвуд имаше договор со американскиот производител на опрема до летото во 2025 година.
Холанѓанката, Ирене Вурст, која триумфираше во брзо лизгање на 1.500 метри за жени во Пекинг со што дојде до шестиот златен медал на Олимпијадата, стана првата која освоила титули на пет различни Зимски олимписки игри. „Секогаш велам дека имам пет деца, но, сега морам да кажам дека не можеш да избереш кое е најубаво. Сите мои златни медали ми значат многу“, изјави Вуст по финалето на 1500 метри. „Секогаш велам дека годините се само бројка, имам 35-ет и сакам да имам деца. Затоа ќе морам да се откажам. Ја донесов одлуката“ – изјави Вурст.
Давид Дејвис имаше неуспешно деби на клупата на Вардар откако неговите избраници загубија од Нексе на домашен терен со 25:24 во првиот сезонски меч во СЕХА лигата. Гостите добро го отворија мечот а „црвено-црните“ само во вториот дел имаа плус 4. Во неизвесна завршница, бодовите сепак заминаа од Скопје. Во нашиот состав Дибиров и Моралес постигнаа по 5 голови додека кај Нексе се издвоија Мелиќ со шест и Јагањац кој имаше еден помалку.
Светскиот рекордер во десетобој, Кевин Мајер, ќе се обиде да ја освои втората титула во седмобој на собирот во Белград. 29-годишниот Французин, пред големиот атлетски настан во месец март, се наврати на миговите кoга дојде до првото злато тикму во соседна Србија. „Беше толку емотивно. Никогаш немав освоено златен медал. Бев многу горд што ја слушнав химната и ги израдував сонародниците“ – беа зборовите на Мајер по освоената европската титула во 2017 година.
Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, жали што германскиот дефанзивец, Никлас Зуле, ќе го напушти клубот. „Би сакал да остане со нас. Затоа игра толку многу. Се уште гледам многу квалитети во него” – изјави Нагелсман пред утрешниот натпревар против РБ Лајпциг во 21. коло на Бундес-лигата. Ќе потсетиме дека 26-годишниот фудбалер по четири сезони не го продолжи договорот и во текот на летото ќе си замине од Минхен
Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, може да здивне од проблемите поврзани со отсуство на голем број стандардни првотимци. Тој пред натпреварот со Кардиф Сити во четвртото коло од ФА Купот, откри дека Харви Елиот, Тиаго Алкантара, Наби Кеита и Дивок Ориги тренираат и дека можеби ќе настапат во текот на викендот. Германецот посочи дека Мане и Салах кои играат на Купот на африканските нации, може да му бидат на располагање евентуиално за мечот со Лестер.
