Ракометарите на Еурофарм Пелистер победнички ја започнаа новата сезона во СЕХА лигата. Тие денеска славеа на гостувањето кај Партизан во Белград со 25 спрема 23. Тренерот на Битолчани, Жењко Бабиќ, им се заблагодари на фановите кои отпатуваа во Србија да ги бодрат неговите избраници.
„Убаво е да се игра во Белград, посебно во ваков амбиент. Секоја чест за нашите навивачи кои дојдоа и ни направија да се чувствуваме како дома. Тоа не е мала работа. Што се однесува до натпреварот, кога противникот се доближи и изедначи, ние ја покажавме нашата зрелост и заслужено победивме“ – изјави Бабиќ.
Во редовите на Еурофарм Пелистер Марас постигна 7 голови додека кај „црно-белите“ Никола Зечевиќ и Алекса Максиќ застанаа на пет погодоци.