Author: dino

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, откри дека голгетерот на тимот Карим Бензема ќе игра во вторник против Пари Сен Жермен во ЛШ само ако целосно се опорави од повредата и нема ризик по неговото здравје. „Имаме добро чувство за Бензема и очекуваме тој да тренира со тимот в недела или понеделник. Тогаш ќе одлучиме за тоа. Чувствата се позитивни“ – вели Италијанецот. „Ако има и минимален ризик, Бензема нема да игра. Ако Карим игра во вторник, тоа значи дека нема ризик. Ферлан Менди нема да биде подготвен за утре, но треба да биде за вторник“ – рече Анчелоти

Read More

Поранешниот Формула 1 возач, Марк Вебер,  проценил дека Луис Хамилтон и Макс Верстапен треба да одмараат една година откако во изминатата сезона водеа жестоката битка за светската титула. Во текот на целата година двајцата беа речиси неразделни на патеката и често беа блиску до инцидент а три пати дури и остварија сериозен контакт. „Мислам дека им треба една година одмор. Меѓу нив се уште има стари рани кои треба да се санираат. Тоа може да се случи по завршувањето на нивните кариери со чаша вино, но, додека се натпреваруваат тие ќе бидат големи ривали“ – изјави Вебер

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, изјави дека е научена лекција од натпреварот против Саутемптон. Лондончани претрпеа пораз  од  3:2. „Работиме и ќе се обидеме да ги корегираме грешките. Примивме три гола на ист начин. Штета што загубивме. Тим како Тотенхем не смее да прими три гола на еден меч“ –  изјави Конте. Италијанецот откри дека зимските засилувања, Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур,  се подготвени да бидат стартери против Вулверхемптон. Тој меч е закажан за в недела.

Read More

Дефанзивецот на Вест Хем, Курт Зума, иако беше критикуван и најверојатно ќе биде тужен за суровост кон животните, ќе му биде на располагање на тренерот  Мојс за натпреварот против Лестер закажан за в недела. Менаџерот на „чеканите“  кој беше критикуван за неговиот избор да го вметне  Зума како стартер во победата над Вотфорд, повтори дека нема да го отстрани од тимот. „Да, тој е на линијата за мечот со Лестер. Има различни гледишта и мислења за тоа дали треба да игра. Се обидуваме да му помогнеме. Ќе направиме се што можеме за да ја решиме ситуацијата“ – рече Мојс.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално ја претстави Генералната стратегија – „Обединети од фудбалот 2021-2025“. Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, потенцираше дека е време за нови чекори. „Сакаме да го одбраниме моделот кој не направи горди во изминатиот период со учество на ЕП и другите значајни резултати. Гледајќи кон иднината мора да запаметиме дека репрезентациите што ни донесоа успех се резултат на нашата работа и посветеност. Тоа треба да биде мотив за младите и фудбалот да оди напред“ – потенцираше меѓу другото Сејдини. Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, на кратко ги објасни седумте столбови на стратегијата – „Обединети…

Read More

Нашите најдобри фудбалери останаа на 67 место на новата ранг листа на ФИФА. Македонија во март ја очекува баражот за место на Мундијалот против селекцијата на Италија. На врвот на ФИФА листата останува Белгија пред Бразил и Франција. Аргентина се проби на четвртото место пред Англија. Во топ 10 се уште и: Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.

Read More

Нашата олимпијка, Ана Цветановска, го освои 95-то место во нордиско скијање на трката 10 километри на Зимските игри во Пекинг откако оствари време од 39.57.7 минути. Ќе потсетиме дека Цветановска не настапи во скијатлон на 7.5+7.5 километри поради одлуката на Меѓународната скијачка федерација да има само лимитиран број на нордијки поради ситуацијата со Ковид-19. До крајот на Игрите,  Ставре Јада на 19 февруари ќе трча 50 километри слободно додека Дардан Дехари во алпско скијање ќе настапи на 13 февруари во слалом и три дена потоа во велеслалом.

Read More

Кошаркарската Евро-лига потврди дека поради Ковид-19 е одложен натпреварот од 26 коло меѓу Фенербахче и Баерн Минхен кој требаше да се одигра на 11 февруари. Германскиот тим има неколку заразени и не може да го обезбеди потребниот минимум од 8 кошаркари. Според правилата на Евролигата, еден натпревар може да се одложува максимум  три пати доколку има слободни термини.

Read More

ПСЖ планира да се раздели со 33-годишниот ветеран, Анхел ди Марија, кој има договор до крајот на јуни. Фудбалерот сака да остане на Паркот на принцовите уште една година пред да се врати во татковината за да ја заврши кариерата. Сепак, газдите од Париз немаат намера да му понудат продолжување на договорот. Аргентинецот беше купен од Манчестер Јунајтед во 2015 година. Тој за ПСЖ одигра 283 натпревари на кои постигна 91 гол и направи 115 асистенции.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави Ернандез, има намера да направи освежување во одбраната. Тој сака да се раздели со  Самуел Умтити, Клемент Ленгли и Оскар Мингеса. Според најавите, Чави ги планира Андреас Кристенсен од Челзи и Жил Кунде од Севилја. Како опција влегува и Матијас де Лихт од Јувентус. Каталонците наводно се заинтересирани и за Цезар Аспиликуета од Челзи и Хозе Гаја од Валенсија.

Read More