Поранешниот Формула 1 возач, Марк Вебер, проценил дека Луис Хамилтон и Макс Верстапен треба да одмараат една година откако во изминатата сезона водеа жестоката битка за светската титула.
Во текот на целата година двајцата беа речиси неразделни на патеката и често беа блиску до инцидент а три пати дури и остварија сериозен контакт.
„Мислам дека им треба една година одмор. Меѓу нив се уште има стари рани кои треба да се санираат. Тоа може да се случи по завршувањето на нивните кариери со чаша вино, но, додека се натпреваруваат тие ќе бидат големи ривали“ – изјави Вебер