Холанѓанката, Ирене Вурст, која триумфираше во брзо лизгање на 1.500 метри за жени во Пекинг со што дојде до шестиот златен медал на Олимпијадата, стана првата која освоила титули на пет различни Зимски олимписки игри.
„Секогаш велам дека имам пет деца, но, сега морам да кажам дека не можеш да избереш кое е најубаво. Сите мои златни медали ми значат многу“, изјави Вуст по финалето на 1500 метри.
„Секогаш велам дека годините се само бројка, имам 35-ет и сакам да имам деца. Затоа ќе морам да се откажам. Ја донесов одлуката“ – изјави Вурст.