Светскиот рекордер во десетобој, Кевин Мајер, ќе се обиде да ја освои втората титула во седмобој на собирот во Белград.
29-годишниот Французин, пред големиот атлетски настан во месец март, се наврати на миговите кoга дојде до првото злато тикму во соседна Србија.
„Беше толку емотивно. Никогаш немав освоено златен медал. Бев многу горд што ја слушнав химната и ги израдував сонародниците“ – беа зборовите на Мајер по освоената европската титула во 2017 година.