Нашите ракометари ја добија Романија за противник во првата фаза од баражите за место на Светското првенство во 2023 година во Шведска и Полска. Мечевите по принцип дома-гости треба да се одиграат од 16 до 20 март. Доколку успееме да ја поминеме репрезентацијата од под Карпатите, во последниот елиминациски филтер пред Мундијалот ќе ги одмеримe силите со Чешка. Тие мечеви ќе бидат во терминот од 11 до 17 април. Еве ги комплетно двојките за првата фаза од баражот: Украина – Финска, Италија – Словенија, Португалија – Швајцарија,Австрија – Естонија,Грција – Босна и Херцеговина, Словачка – Белгија, Израел – Литванија и…
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, ќе се обиде да го убеди Пол Погба да остане кај „црвените ѓаволи“ и да го продолжи договорот кој му истекува за пет месеци. Според „The Sun“, Французинот во исто време бил импресиониран од работата на Германецот и најавил дека може да остане. Играчот од средниот ред се уште се опоравува од повредата здобиена во ноември. Францускиот репрезентативец влегува во радарот на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен кои најавија дека ќе испратат понуди да го ангажираат.
Фудбалскиот состав Лион се договорил со Тотенхем за привлекување на играчот од средниот ред, Џовани Ло Селсо, како изнајмен до крајот на сезоната. Иако Аргентинецот се уште не се договорил со францускиот клуб и не дал согласност за трансферот, медиумите тврдат дека тој набрзо ќе ја напушти Англија. Популарните „лавови“ се согласиле да покриваат половина од платата на играчот која е 500.000 евра месечно.
Нашите ракометари денеска ќе го дознаат противникот за првата фаза од баражите за место на Светското првенство во 2023 година во Полска и Шведска. Можни ривали се: Швајцарија, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Израел, Грција, Италија и Романија. Средбите се закажани за 14 и 20 март. Доколку ја поминеме првата рунда, во втората како противници може да ги добиеме: Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија или Исланд. Формирањето на бараж-двојките ќе биде во Будимпешта.
Крилниот фудбалер на Порто и на репрезентацијата на Колумбија, Луис Дијаз, ги прифатил понудите од Ливерпул и се согласил на 5-годишен договор. Тој синоќа играше против Перу во квалификациски натпревар за Мундијалот а неговата репрезентација загуби со 1:0 и ги намали шансите за пласман на Светското првенство во Катар. „Црвените“ ќе треба да платат околу 45 милиони евра плус 15 милиони како бонуси за 25-годишниот фудбалер. Дијаз има 16 гола на 28 натпревари од почетокот на сезоната.
Медиумите во Англија тврдат дека Френк Лампард ќе го наследи отпуштениот Рафа Бенитез на клупата на Евертон. „Карамелите“ наводно го договориле ангажманот на поранешниот играч кој нема активности речиси една година откако си замине од Челзи. Тој со „сините“ имаше 44 победи, 17 нерешен и 23 порази. Евертон иако добро ја започна сезоната, сега се наоѓа пред зоната за испаѓање. Лампард треба да дебитира на клупата на „Гудисон парк“ на 8.февруари против Њукасл.
Ешли Барти по 44 години и ја донесе првата титула на Австралија на тенискиот турнир во Мелбурн. Таа во финалето на првиот сезонски Грен Слем ја совлада Даниел Колинс од САД со 2-0 по сетови 6:3 и 7:6. Последен пат домашната публика можеше да се израдува на победата на Кристин О’Нил во 1978 година. Барти со денешната победа го продолжи максималниот ефект во финалињата на гран слем турнирите. Во три настапи има исто толку победи (Ролан Гарос 2019, Вимблдон 2021 и Австралија Опен 2022). Во нејзината ризница недостасува само пехарот од Oтвореното првенство на САД.
Шведска ќе игра со Шпанија за златниот медал на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка. „Викинзите“ во второто полу-финале ја совладаа Франција во драматичен меч со 34:33. Вистински херој за Скандинавците беше голманот Паличка кој во последната минута имаше две фантастични одбрани со кои ја однесе неговата селекција во големото финале. Во победничкиот тим се издвои Готфридсон со девет голови додека кај „триколорите“ по осум реализираа Деска и Мин.
Набрзо треба да се реши иднината на фудбалерот, Пјер Емеринк Обамејанг, кој е избришан од списокот на тренерот Микел Артета. Арсенал сака да се ослободи од неговата висока плата и најверојатно ќе прифати да го испрати на позајмица или да го продаде. Барселона и Јувентус се главните конкуренти за неговиот потпис. Минатата недела понуда испрати и Ал Хилал од Саудиска Арабија, но, репрезентативецот на Габон не сакаше да ја прифати.
Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити наскоро ќе седнат на маса со Рахим Стирлинг за нов договор. „Граѓаните“ сакаат да го решат проблемот бидејќи актуелниот му истекува за една година. Иднината на 27-годишниот играч беше нејасна откако го загуби стартното место во почетокот на сезоната. За Стирлинг се заинтересирани Барселона, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Самиот играч има желба да замине во странство пред крајот на кариерата.
