Италијанскиот фудбалски состав Лацио започнал преговори со португалскиот Спортинг (Лисабон) за потенцијален трансфер на Џовани Кабрал. „Орлите“ од Рим сакаат да го изнајмат 23-годишното крило од Зеленортските Острови со опција да го купат на крајот на сезоната за 8 милиони евра. Кабрал во тековнава сезона одигра 17 мечеви со ефект од 3 гола и 1 асистенција.
Author: dino
Ливерпул е блиску до привлекување на крилниот напаѓач на Порто, Луис Дијаз. Колумбискиот фудбалски репрезентативец ќе престојува во Аргентина за наредниот меч од квалификациите за Светското првенство. Затоа „црвените“ испратија таму делегација да ги изврши лекарски прегледи. Фактот дека Дијаз е во Јужна Америка, му создава логистички проблеми на Ливерпул кој треба да се справи со нив до затворање на преодниот рок в понеделник.
Ракометарите на Шпанија се првите финалисти на Европското првенство откако ја совладаа Данска со 29 спрема 25 благодарение на одличниот втор дел. Четата на Хансен во изедначено прво полувреме успеа да дојде до предност 14:13, но, Фуријата одигра одлична одбрана во второто и на крајот се избори за ново финале. Гомез беше незапирлив со единаесет погодоци додека Кањељас погоди осум пати. Кај данците очекувано прв голгетер беше Хансен со 8 голови. Противникот на Шпанија ќе дојде по денешното втор меч меѓу Франција и Шведска.
Ракометарот на Вардар и на селекцијата на Хрватска, Анте Гаџа, не крие дека со пиетет гледа кон селекцијата на Холандија. Денешната пресметката меѓу двете селекции нема никакво значење за пласман во полу-финалето. „Играат убав ракомет, можеби најубавиот на турнирот. Брзи се, непријатни, во одбраната ќе имаме многу работа. Тие се многу опасни на контри, тоа им е најголемиот адут, на тоа ќе треба да се насочиме“- вели Гаџа. Холандија која претходно има само еден настап на континеталните собири, за мечот Хрватска ќе биде без 5 стандардни првотимци кои се заболени со Ковид-19.
Ракометарите на Хрватска денеска ќе го одиграат последниот меч на Европското првенство. Тие во попладневните часови ќе излезат на мегдан со Холандија. „Лалињата“ се вбројуваат меѓу најпријатните изненадувања на континеталниот собир. Тоа го потврдува и селекторот на „коцкестите“, Хрвоје Хорват. „Холанѓаните се најголемото изненадување. Го исфрлија домаќинот, играат брз и модерен ракомет. Мораме добро да се подготвиме за нивната агресивна одбрана“ – вели Хорват.
Арон Рамзи ги одби понудите на Кристал Палас, Њукасл и Барнли. Велшкиот репрезентативец има договор со Јувентус до летото во 2023 година и нема намера да си замине од тимот. Тоа ги налути шефовите на „старата дама“ кои најверојатно ќе го префрлат во младинската екипа. Поранешниот играч на Арсенал во 2019 година се пресели во Торино и стана еден од најплатените. Тој има одиграно 70 мечеви и постигнато шест голови.
Фудбалерот, Френк Кеси, дефинитивно ќе го напушти Милан на крајот на сезоната откако ќе му истече договорот. За него се заинтересирани неколку екипи а во преден план се издвојува Барселона која е со лимитиран буџет. Шпанците планираат да му понудат соработка до 2027 година и тоа со плата од 8 милиони евра по сезона. Прашање е дали луцидниот напаѓач ќе се согласи на таквите услови.
Англиските фудбалски состави Ливерпул и Манчестер Сити, ги направиле првите контакти со младиот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо,. ПСВ се обидува да му го продолжи договорот кој е валиден до летото во 2025 година. Веб-страницата „Transfermarkt“ , проценува дека младиот играч вреди околу 22 милиони евра што нема да биде проблем ниту за „црвените“ ниту за „граѓаните“. Гакпо во сезонава одигра 15 мечеви. Тој даде 6 голови и направи 10 асистенции.
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, се осврна на заминувањето на Ентони Марсијал како позајмен играч во Севилја. „Марсијал мора да игра константно за да ја врати формата. Имаше подеми и падови, верувам дека сега ќе се врати и дека ќе се подобри во Севилја“ – вели Фердинанд. „Дони Ван де Бек чека шасна да си замине а Џеси Лингард можеби ќе оди во Њукасл“ – искоментира Фердинанд.
Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, пред денешниот меч со Франција кој нема никакво значење за Скандинавците, најави дека ќе ги одмора првите ѕвезди. Тој сака да ги освежи главните играчи пред полуфиналниот меч в петок. „Ќе се обидеме да одиграме добро иако нашиот фокус е да имаме свежи играчи за полуфиналето. Тоа е најзначајниот натпревар за нас. Ќе видиме на кои играчи им треба одмор“ – изјави Јакобсен.
