Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, пред денешниот меч со Франција кој нема никакво значење за Скандинавците, најави дека ќе ги одмора првите ѕвезди.
Тој сака да ги освежи главните играчи пред полуфиналниот меч в петок.
„Ќе се обидеме да одиграме добро иако нашиот фокус е да имаме свежи играчи за полуфиналето. Тоа е најзначајниот натпревар за нас. Ќе видиме на кои играчи им треба одмор“ – изјави Јакобсен.