Левиот бек на Ајакс, Николас Талиафико, кој главно ја грее клупата на „копјаниците“, веројатно ќе замине во екипата на Барселона која сака да го изнајми до крајот на сезоната. Шпанците ќе имаат опција да го купат Аргентинецот за само 4 милиони евра. 29-годишниот дефанзивец кој не влегува во плановите на тренерот, Ерик тен Хаг, има голема желба да се пресели на „Камп Ноу“.
Author: dino
Регионалната СЕХА лига го објави распоредот за новата сезона која ќе стартува во почетокот на наредниот месец а ќе заврши со Ф4 турнирот од 2 до 4 септември. Еве го распоредот на нашите претставници Еурофарм Пелистер и Вардар. ГРУПА А 07.02.2022 – Партизан – Еурофарм Пелистер 10.03.2022 – Еурофарм Пелистер – Татран Прешов 22.03.2022 – Загреб – Еурофарм Пелистер 24.04.2022 – Еурофарм Пелистер- Партизан 20.04.2022 – Татран Прешов – Еурофарм Пелистер 17.05.2022 – Еурофарм Пелистер – Загреб ГРУПА Б 06.02.2022 – Вардар – Нексе Нашице 08.02.2022 – Војводина – Вардар 02.04.2022 – Мотор – Вардар 18.02.2022 – Нексе Нашице – Вардар 22.03.2022 – Вардар – Војводина 17.05.2022 – Вардар – Мотор По…
Поранешниот менаџер на фудбалерите на Арсенал, Арсен Венгер, ја коментираше ситуацијата околу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе. Договорот на напаѓачот истекува за неколку месеци а раководството напорно работи за да го убеди да остане на – „Паркот на принцовите“. „Мбапе е незаменлив за ПСЖ и нивниот начин на игра. Останува малку време и сега може да потпише со кого сака. Тие во летото одбија понуда од 180 милиони евра од Реал а тоа се многу пари дури и за нив“ – вели Французинот.
Германскиот фудбалски репрезентативец, Никлас Шуле, го информирал раководството на Баерн Минхен дека ќе си замине како слободен играч на крајот на сезоната бидејќи не е задоволен од финасиските услови. Последната понуда од Баварците беше 10 милиони евра. 26-годишниот централен дефанзивец верува дека ќе добие повеќе на друго место. Според одредени шпекулации за неговиот потпис се заинтересирани шпанската Барселона и англиските Челзи и Њукасл.
Директорот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, побара да се прецизираат правилата и регулативите на ФИА. „Не можеме слободно да се однесуваме со правилникот за спортот. Мора да биде јасно кои се правилата пред стартот на новата сезона. На крајот ние правиме забава, но ниту една одлука не треба да ги крши правилата поради забава“ – вели Волф. „Можеме барем да се обидеме заедно со ФИА да ги подобриме работите за во иднина“ – изјави Волф.
Играчите на Тотенхем, Стивен Бегвајн, Тунгај Ндомбеле, Џовани Селсо, Деле Али и младиот Шпанец, Брајан Хил, ќе бидат ставени на трансфер пазарот. Тренерот, Антонио Конте, сака да направи големи промени во ростерот и планира да се ослободи од најмалку пет фудбалери, најавија медиумите во Британија. Според одредени инфромации, за Деле Али е заинтерсиран Њукасл додека Валенсија сака да го донесе Хил на позајмица. ПСЖ наводно го пикирал Ндомбеле.
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, вели дека голманот, Алисон Бекер, бил главен фактор за победата на теренот на Кристал Палас. Бразилецот имаше неколку бравурозни одбрани а неговиот тим славеше со 3:1. „Алисон беше брилијантен, но, да бидам искрен, тој секогаш е таков. Неговите одбрани изгледаат полесно од нормално иако второто полувреме имаше моменти кога мислев дека топката ќе влезе во голот“ – вели Хендерсон. „Генерално, среќен сум со победата. Одиме напред, има многу време до крајот на сезоната“ – вели играчот на „црвените“.
Ричард Арнолд кој на 1 февруари ќе ја преземе улогата на Извршен директор на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, имал одредени контакти со легендите на клубот кои во моментов работат како фудбалски коментатори и аналитичари. Тој првично разговарал со Гери Невил и Пол Сколс кои години наназад се меѓу најжестоките критичари на „црвените ѓаволи“ поради лошото раководење на клубот. Медиумите информираат дека се очекуваат средби и со Рио Фердинанд и Овен Харгривс.
Скијачката, Елена Куртони, донесе втора победа за Италија од стартот на Светскиот куп во алпски дисциплини во Кортина д’Ампецо откако победи на денешниот супер-велеслалом. Таа целта ја мина со време од 1:20.98, што беше за 0.09 секунди побрзо од Австријката Тамара Типлер. Швајцарката Мишел Гисин беше трета. Победничка на вчерашниот спуст Софија Гоџа доживеа многу сериозен пад во еден од побрзите делови на патеката. Гоџа сега падна на третото место во битката за малиот глобус пред сонародничките Брињоне со 377 поени и Куртони со 348. Во генералниот пласман води Американката Микаела Шифрин пред Петра Влахова (Словачка).
Ракометарите на Хрватска по вчерашниот пораз од Данска отпадна од комбинација за висок пласман на Европското првенство што се одржува во Унгарија и Словачка. Тоа значи дека „коцкестите“ по вторпат во последниве 20 години нема да влезат меѓу најдобрите четири на Европските првенства. „Нема што да им забележам. Направивме еден и половина тренинг. Им ги затворивме устите на тие што велеа дека не се бориме“ – изјави по мечот селекторот на Хрватите, Хрвоје Хорват.
