Англискиот фудбалски состав Тотенхем може да испрати понуда за францускиот играч за врска на Рома, Џордан Верату. Во истата, покрај одредена сума на пари, може да биде вклучени и Ндомбеле, тврди – „Тутоспорт“. Тој од почетокот на сезоната одигра само 9 меча за лондончани во Премиер лигата. Тотенхем го купи Французинот од Лион за 60 милиони евра во 2019 година. Во исто време, на новиот менаџер на „мамузите“, Антонио Конте и спортскиот директор, Фабио Паратичи, им се допаѓаат квалитетите на Верету.
Author: dino
Советникот за моторспорт на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, рече дека е многу веројатно сезоната во Формула 1 да понуди продолжение на спектакуларниот дуел меѓу неговиот тим и Мерцедес. „Само сакам да кажам дека нашите намери се да му помогнеме на Макс да ја одбрани титулата и добро сме позиционирани . Имавме две посебни развојни програми во 2021 година и тие функционираа многу добро“ – вели Марко. „Нема причина да веруваме дека ние и Мерцедес нема да бидеме фаворити . Иако нешто може да се промени со новите правила“ – изјави Марко.
Екипите од Лигата на шампионите, Реал Мадрид, Челзи, Пари Сен Жермен или Лил, може да дојдат во ситуација да настапат без фудбалерите кои не се вакцинирани во продолжението од сезоната. Од понеделник во Франција стапува на сила правилото според кое невакцинираните не смеат да учествуваат на спортски настани. Реал и Челзи таму ќе гостуваат во рамките на осмина-финалните битки во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и Лил. Правилото ќе важи и за играчите на француските клубови кои се во Лига Европа и Конференциската лига. Станува збор за Лион, Монако и Марсеј. УЕФА може да побара од француските екипи…
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона е заинтересиран за напаѓачот на Елче, Лукас Боје, пренесува – Esport3. Каталонците во текот на летото би можеле да се обидат да го привлечат Аргентинецот доколку Холанѓанецот, Лук де Јонг, го напушти стадионот „Камп Ноу“. 25-годишниот Боје во тековнава сезона има 6 погодоци на 16 натпревари во Ла Лига. Има и 1 асистенција.
Екипата на Бенфика ги демантираше шпекулациите дека испратила понуда до Андреј Шевченко кој деновиве ја напушти клупата на италијанската Џенова. „Нашиот клуб ќе го води Нелсон Верисима до крајот на сезоната. Не сме контактирале со ниту еден тренер“ – велат од Бенфика. Шевченко беше поврзуван и со клупата на репрезентацијата на Полска, но, тамошната федерација ја отфрли можноста Украинецот да ги води низ баражот за пласман на СП во Катар.
Судијата Марко Сера им се извини на играчите на Милан за грешката што ја направи на натпреварот со Специја. При резултат 1:1 во продолжението, Жуниор Месијас го постигна вториот гол за Милан, но, судијата не го призна бидејќи секунда пред тоа досуди прекршок во корист на „росонерите“ и не дозволи предност. Веднаш потоа во последните секунди од судиското надополнување Специја дојде до победата со голот на Џеси.
Вејн Руни е добар кандидат за менаџерската позиција во Евертон, проценува неговиот поранешен соиграч, Рио Фердинанд. 36-годишниот Руни моментално го предводи тимот на Дарби Каунти во Чемпионшип а неговото име е меѓу опциите за наследник на отпуштениот Рафаел Бенитез. „Ако сте Вејн Руни, ќе ја преземете работата за секунда“, рече Фердинанд на неговиот видео блог на „YouTube“.
Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, повика на посилно лидерство во Формула 1 за да се намали влијанието на поголемите тимови. Тој во интервју нагласи дека одредени ривали бараат „изговори да го подигнат плафонот и да ги освојат светските титули со нивните пари“. Без да именува, Американецот продолжи дека „на моменти се чини дека спортот го водат одредени тимови“ и дека е потребна поголема сила во раководството на Формула 1 во сопственост на Либерти Медиа и Меѓународната федерација (ФИА).
Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ќе му се придружи на Џани Алиоски во фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија. Според најавите, чуварот на мрежата на Рајо Валјекано ќе замина на Блискиот Исток во екипата на Ал Наср. Новинарот, Руди Гaлети, наведува дека дека клубовите треба само да го официјализираат трансферот. Претходно имаше одредени шпакулации дека за Димитриевски е заинтересирана и Барселона, но, очигледно македонскиот интернационалец ќе замине во сосема друг правец надвор од Пиринеите.
Младиот фудбалер од Португалија, Чикињо Оливеира, ќе ја продолжи кариерата во англискиот состав, Вулверхемптон. 21-годишниот играч од средниот ред беше купен од Есторил за 3,5 милиони евра и дополнителни 1,5 милиони предвидени како бонуси според неговиот ефект и и постигнатите резултати. Договорот на Чикињо е валиден до 2026 година. Тој во португалскиот шампионат има одиграно 15 натпревари на кои постигна 3 гола и направи една асистенција.
