Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, повика на посилно лидерство во Формула 1 за да се намали влијанието на поголемите тимови.
Тој во интервју нагласи дека одредени ривали бараат „изговори да го подигнат плафонот и да ги освојат светските титули со нивните пари“.
Без да именува, Американецот продолжи дека „на моменти се чини дека спортот го водат одредени тимови“ и дека е потребна поголема сила во раководството на Формула 1 во сопственост на Либерти Медиа и Меѓународната федерација (ФИА).