Советникот за моторспорт на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, рече дека е многу веројатно сезоната во Формула 1 да понуди продолжение на спектакуларниот дуел меѓу неговиот тим и Мерцедес.
„Само сакам да кажам дека нашите намери се да му помогнеме на Макс да ја одбрани титулата и добро сме позиционирани . Имавме две посебни развојни програми во 2021 година и тие функционираа многу добро“ – вели Марко.
„Нема причина да веруваме дека ние и Мерцедес нема да бидеме фаворити . Иако нешто може да се промени со новите правила“ – изјави Марко.