Author: dino

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, најавил дека ќе си замине од клубот доколку „кралевите“ го обезбедат потписот на Ерлинг Халанд. Големата фудбалска ѕвезда на Норвешка според одредени информации не крие дека сака да ја напушти екипата на Борусија Дортмунд и дека има симпатии кон шпанскиот состав. Доколку корпулентиот играч се пресели на Пиринеите, тогаш Бензема кој има договор до 2023 година веројатно ќе побара да си замине.

Read More

Светската куќа на фудбалот го одреди најдобриот тим за 2021 година. На голманската позиција е поставен Џанлуиџи Донарума, во одбраната се: Рубен Дијаш (Манчестер Сити), Леонардо Бонучи (Јувентус) и Давид Алаба (Реал Мадрид). Во средниот ред се вметнати: Жоржињо (Челзи), Канте (Челзи) и Кевин де Бруин (Манчестер Сити). Во нападот место добија: Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски.

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја доби битката со Аргентинецот Лионел Меси и Египјанецот Мохамед Салах, во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер во 2021 година. „Горд сум и среќен. Сакам да им се заблагодарам на сите. Не се осмелив да сонувам дека ќе го подобрам рекордот во Бундеслигата за постигнати голови. Да ми кажеше некој пред години, немаше да верувам“ – вели голгетерот на Баварците. „ Штета што Герд Милер не е меѓу нас. Не можев без него. Мислам дека имам доволно време да поставам повеќе рекорди“ – изјави Левандовски.

Read More

Бидејќи Ралф Рангник, времено ја извршува улогата на тренер на Манчестер Јунајтед пред да се активира во управата на клубот, челниците размислуваат да назначат постојан менаџер уште пред крајот на сезоната. Според наведеното од страна на – „Манчестер Ивнинг Њуз“, управата се откажала од идејата Германецот да го води тимот до летото и затоа работи напорно да назначи нов тренер. Како фаворити за клупата на „Олд Трафорд“ се издвојуваат:  Маурисио Покетино, Ерик тен Хаг и Брендан Роџерс.

Read More

Лоренцо Пелегрини кој во декември пропушти 5 мечеви на „Рома повторно заработи повреда и ќе мора да паузира најмалку два меча. Капитенот на „римската волчица“требаше да игра вчера против Калјари, но, се повреди на загревањето и беше избришан од пријавата. Пелегрини ќе ги пропушти натпреварите со Лече за Купот на Италија и со Емполи во Серија „А“. Неговото учество на мечот со Џенова во Серија А на 6 февруари останува под знак прашалник.

Read More

Доколку фудбалерот, Паоло Дибала, во текот на летото го напушти Јувентус, екипата од Торино ќе се обиде да го ангажира играчот на Рома, Николо Заниоло. „Старата дама“ извесен период го следи 22-годишниот талент чиј договор со Волците од Рим истекува на 30 јуни во 2024 година. Заниоло во сезонава одигра 24 натпревари во сите конкуренции. Тој постигна 3 гола и запиша 3 асистенции

Read More

Фудбалерот, Филипе Кутињо, кој се врати во Премиер-лигата во дресот на Астон Вила и веднаш погоди на вчерашниот меч со Манчестер Јунајтед, призна дека е среќен што повторно ќе игра во најсилната конкуренција на Англија. „Ми недостасуваа мечеви и Премиер-лигата. Среќен сум што сум тука со новите соиграчи. Ова беше добар старт, бидејќи верувавме во добар резултат до крајот“ – вели Кутињо кој настапува како позајмен од Барселона. „Имав многу проблеми, но тоа е во минатото. Сега сум тука и фокусиран сум на клубот “ – додава Кутињо.

Read More

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, изјави дека одлуката за укинување на визата за тенисерот, Новак Ѓоковиќ, е донесена од здравствени и безбедносни причини и од јавна корист. „Федералниот суд на Австралија едногласно одлучи да го одбие барањето на Новак Ѓоковиќ. Одлуката е донесена поради здравствени и безбедносни причини и нашите граници да останат силни а Австралијците да бидат безбедни“ –  вели Морисон. Доцна во ноќта Федералниот суд едногласно ја одби жалбата на Ѓоковиќ за укинувањето на визата, со што тој ќе биде депортиран од Австралија и нема да ја брани титулата на Австралија опен во Мелбурн.

Read More

Ракометарот, Филип Талески,  по преспиената ноќ по поразот од Црна Гора не го менува неговото првично размислување искажано ведна по вчерашниот пораз во групата во Дебрецин. Ние пред последниот меч со Данска дефинитвно сме отпишани за втората фаза. „Останувам на констатацијата од синоќа дека целата селекција одигра срамен натпревар против Црна Гора. Нема враќање назад и мора да се собереме затоа што ни следи уште еден натпревар. Верувам дека ќе одиграме најдобро што можеме против Данска в понеделник“ – вели Талески. „Данската репрезентација игра моќно, атакува на злато и голем е фаворит. Ние секако сакаме да се надигруваме максимално, можеби…

Read More

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кире Лазаров, на денешната кратка средба со новинарите се осврна на досегашниот настап на Евроспкото првенство во групата во Унгарија. Ние со двата пораза (Словенија и Црна Гора) ги загубивме шансите з аплсман во втората рунда. „Поразот боли, но сакам да истакнам дека не е иста оваа репрезентација без Лазаров, Маркоски, Митрески, Ојлески, Стоилов, Манасков, без невакцинираните. Планот беше да дојдеме комплетни и да им се спротиставиме на сите. Не е ова алиби, туку реална ситуација. Загубивме два натпревари, првиот гордо, со многу жар и борба. Можеби тоа не наведе да помислиме дека можеме лесно…

Read More