Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи е казнет со 10.000 евра поради конфликтот со техничкиот секретар на Интер, Кристијано Моџило, на крајот од финалето на италијанскиот Супер-куп. Бонучи по поразот се вмеша во физичка пресметка со човек од централата на Интер кога Алексис Санчез го постигна победничкиот гол за а Моџило се радуваше пред дефанзивецот. -Што правиш? Дали си нормален да се радуваш пред мене? Ќе те убијам!“, му рекол италијанскиот репрезентативец според медиумите на Апенините. Интер е казнет со 5.000 евра затоа што дозволил член на персоналот да биде на клупата во близина на теренот.
Author: dino
Кире Лазаров заработил повреда на последниот тренинг и нема да настапи на Европското првенство во Уграија и Словачка. Веста ја потврди Ракометната федерација на социјалните мрежи. „Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, нема да биде во можност да настапи на Европското првенство. Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. Прегледите направени од нашиот медицински тим покажаа дека се работи за повреда на спојот на два мускула на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели“ – стои во дел од објавата. Тоа значи дека Лазаров до крајот на континенталниот собир ќе ја има само улогата…
Пред неколку дена големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави, дека сака да остане во редовите на „црвените“ доколку добие поголема плата. Според наведеното од – „Telegraph“, фудбалерот чиј актуелен договор истекува за 17 месеци побарал да добива по 400.000 фунти неделно. Тоа е речиси колку примањата на Кевин Де Бруин кој неодмна го продолжи договорот со Манчестер Сити. 29-годишниот репрезентативец на Египет од почетокот на сезоната постигна 23 гола и запиша девет асистенции за Ливерпул на 26 настапи во сите конкуренции.
Фудбалерот, Кристијано Роналдо, вели дека неговиот Манчестер Јунајтед мора да се бори за врвот во Премиер-лигата и дека не смее да се задоволи само со трката за излез во Европа. „Мислам дека можеме да ги промениме работите. Сакам да кажам дека можеме подобро. Не сакам да бидам тука за да се борам за шесто или седмо место“ – вели Роналдо. „Тука сум да победувам и да се борам за големи работи. Имаме долг пат пред нас и верувам дека можеме да постигнеме успеси“ – изјави Роналдо за „Sky Sports“.
Ревизорската куќа – „ПМГ“, објави, дека фудбалскиот состав на Манчестер Сити за прв пат во историјата остварил поголеми приходи од градскиот ривал, Манчестер Јунајтед. Тоа се однесува на сезоната 2020/21 кога „граѓаните“ инкасирале дури 73 милиони фунти повеќе во однос на претходната. Тимот од „Етихад“ доби 108 милиони фунти за пласманот во финалето на Лигата на шампионите додека приходите од телевизиските права му се зголемени за 55%. Приходите од реклами достигнале 255 милиони.
Фудбалерот, Фелипе Кутињо, кој до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Астон Вила како позајмен од Браселона, вели дека тренерот, Стивен Џерард, имал голема улога за неговата одлука. „Немав никакви дилеми и сакав да го направам тоа што побрзо. Чекам да се сретнам со фановите и да покажам што знам“ – вели бразилскиот фудбалер. Кутињо ќе игра како позајмен на „Вила Парк“ до крајот на сезоната во Премиер-лигата а потоа ќе може да потпише долгорочна соработка доколку тоа му го понудат челниците на тимот.
Кошаркарскиот тим на Партизан објави дека има шест нови заразени со корона-вирус.Тоа се кошаркарите Раде Загорац и Душан Милетиќ, како и четворица членови на стручниот штаб. Тестирањето кај „црно-белите„ беше извршено пред денешното гостување кај италијанската екипа Доломити Тренто во натпревар од деветтото коло на ФИБА Евро Куп турнирот. Српскиот состав кој има 6 победи и два пораза, го држи третото место во групата „А“.
Фудбалерот, Жезуз Корона, ќе го напушти тимот на Порто и ќе се пресели во редовите на Севилја откако клубот од Андалузија му понуди договор за наредните 3 години. 29-годишниот играч од средниот ред во 2015 година се пресели кај „змаевите“ од холандскиот Твенте. Мексиканецот кој има и португалски пасош, за екипата на Порто има 285 натпревар, 31 гол и 69 асистенции. Корона во сезоната 2019-2020 беше избран за најдобар играч во португалското првенство.
Селекторот Кире Лазаров го објави конечниот список на патници за Европското првенство. На истиот ги нема Никола Митревски, Марко Кизиќ, Гоце Олјески и Михајло Младеновиќ, кои се позитивни на Ковид 19 и ќе мора да го прескокнат стартот на шампионатот. На списокот на Лазаров се вметнати: голманите Мартин Томовски, Градимир Чаневски и Благојче Трајковски. Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски.Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски.Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски. Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов и…
Проблемите со Ковид-19 не ја одминаа ниту Македонската ракометна репрезентација и тоа на само неколку дена до стартот на Европското првенство. РФМ потврди дека на вчерашното тестирање 5- мина имале позитивни тестови без да прецизира за кого станува збор. Сите заразени ќе мораат да бидат пет денови во изолација а потоа кога ќе добијат два негативни ПЦР-теста ќе може да му бидат на располагање на селекторот, Кире Лазаров. Нашата експедиција денеска ќе замине за Унгарија. Во Дебрецин на 13 јануари ќе играме со Словенија, два дена потоа со Црна Гора а групната фаза ќе ја затвориме на 17 јануари против…
