Селекторот Кире Лазаров го објави конечниот список на патници за Европското првенство. На истиот ги нема Никола Митревски, Марко Кизиќ, Гоце Олјески и Михајло Младеновиќ, кои се позитивни на Ковид 19 и ќе мора да го прескокнат стартот на шампионатот.
На списокот на Лазаров се вметнати: голманите Мартин Томовски, Градимир Чаневски и Благојче Трајковски. Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски.Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски.Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски. Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов и десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски.
Нашата експедиција денеска заминува за Унгарија. Во Дебрецин на 13 јануари ќе играме со Словенија, два дена потоа со Црна Гора а групната фаза ќе ја затвориме на 17 јануари против Данска.